НИЕ ВО „ПИЈАНОФОРТЕ“ ВЕЛИМЕ “ДАВА ЦЕЛ НА ПРАКТИКАТА”

 

Групната настава по бендови за рок/поп во музичкото училиште „Пијанофорте“ нуди и испорачува некои основни животни вештини во забавна и привлечна околина. Нашето музичко училиште се наоѓа во Скопје и нуди различни музички стилови за сечиј префериран стил на музика, испорачани од исклучителни искусни музички педагози со одлично изведувачко и наставно искуство. Лекциите се создадени за сите возрасти, нивоа на вештини и интереси, давајќи им можност на учениците, според нашето верување, да добијат многу суштински и елементарни ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ кои ќе им помогнат во нивното животно патување. Ова се некои од животните вештини кои се совладуваат за време на нашата групна настава:

Музиката бара КОМУНИКАЦИЈА и гради ДОВЕРБА, свирењето во бенд е како да играте спорт кога станува збор за тоа колку е суштинско да се комуницира со соиграчите, вие станувате елементарен дел од една целина и додека ја совладате вашата музика ќе изградите самодоверба. Ние во музичкото училиште „Пијанофорте“ им даваме големо значење на овие животни вештини бидејќи тие се неопходни во текот на животот.

Музиката е КРЕАТИВНА форма на изразување. Нашите ученици во музичкото училиште „Пијанофорте“ постојано се предизвикуваат да размислуваат, создаваат и истражуваат во една безбедна, и поддржувачка атмосфера.

Свирењето во бенд е најдобриот начин што го знаеме за да ги натераме децата да се справат со фактот дека свирењето на инструмент и пеењето не е секогаш лесно. Бендот му помага на секој поединец музичар да ги дефинира точните вештини што му се потребни за да биде подобар и му дава јасна цел и мотивација вложувајќи повеќе труд за тоа што треба да вежба дома.

Групни часови по музика за рок / поп бенд

Ние во „Пијанофорте“ направивме нов лудо ЗАБАВЕН начин на свирење музика. Што може да биде позабавно од свирење, играње и смеа со вашите врсници и пријатели? Овој тип на настава има чуден позитивен придонес кога знаете дека сте елементарен член на еден тим, тоа ви дава цел, значење и МОТИВАЦИЈА на вашето музичко образовно патување бидејќи не сакате да ги разочарате вашите врсници. Ние во музичкото училиште „Пијанофорте“ велиме дека „дава цел на практиката“ Според нашето искуство, учениците напредуваат брзо, доаѓаат подготвени за овој тип на час и се многу мотивирани за секој иден музички предизвик.

 

rock_music_lessons