ПРАВИЛА ЗА ПРИВАТНОСТ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Со Правилата се уредуваат начинот на користење и правото на приватност, сигурност и заштита на дадените лични податоци.

Правилата можат да бидат изменети и секоја измена ќе биде видливо означена а корисниците известени.

Прибирањето на личните податоци на нашата страничка е усогласено со прописите за заштита на личните податоци.

Прибирање на лични податоци

Личните податоци се прибираат, обработуваат и чуваат исклучиво за потребите на нашата страничка.

Личните податоци, доброволно поднесени од посетителите на нашата страничка: име, презиме, адреса, телефонски број и електронска пошта, се прибираат и употребуваат со цел да се договори и непречено испорачува услугата изучување музички инструмент.

Личните податоци ќе бидат чувани во форма што овозможува идентификација на носителот на податоците, не подолго од што е потребно да се исполнат целите поради кои податоците се собрани, по што истите се бришат и уништуваат.

Правила за малолетни лица

Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола родител или старател.

Пијано Форте Скопје никогаш нема проследи на трети лица лични податоци од малолетници. (Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет.)

Информации за правилата за заштита на личните податоци

Доколку сакате да поставите прашање или да испратите забелешка/коментар на горенаведените правила, испратете порака на: info@pianoforte.edu.mk

На ваше барање, во рок од 7 дена ќе бидете известени кои од вашите лични податоци се прибрани при посетата на pianoforte.edu.mk.

Промени во Правилата

Доколку има промени во Правилата, тие ќе бидат наведени овде, на почетната страна и/или на други соодветни места.

Заштита на вашата корисничка сметка

Вашата лозинка е клучот од вашата корисничка сметка. (Никому не ја откривајте.)

Доколку изгубите контрола врз лозинката, губите контрола врз вашите лични податоци и можете да станете предмет на измами и злоупотреби направени во ваше име и на ваша сметка.

Доколку лозинката ви е пробиена, веднаш променете ја со нова и известете нè. (Доколку корисничко име ви е исто со лозинка, многу лесно некој друг може да се најави во системот. За создавање моќна лозина, користете броеви, букви и посебни знаци.)

„Колачиња“/Технологија на следење

Нашата страничка може да употребува „колачиња“ (cookies) и технологија на следење.

„Колачињата“ и технологијата на следење се корисни за посетителите (обавестувања за пребарувачот и оперативниот систем, следење на број на посетители на веб страната и сл…).

„Колачињата“ исто така придонесуваат кон подобрување на веб страната и нејзино прилагодување кон потребите на посетителите.

Личните податоци не можат да се прибираат преку „колачиња “.

Давање на лични податоци на користење

Единствено врз основа на закон, вашите лични податоци можат да бидат дадени на користење на државни органи или други институции. Еве ги можните ситуации:

Дозвола побарана од овластена институција, врз основа на Закон;

Заштита на постоечка или потенцијална измама или неовластен пренос на пари;

Истрага за веќе случена измама;

Обврска за тајност и заштита на личните податоци;

Чување на личните податоци:

Лични податоци се безбедно сочувани од губење, уништување, фалсификување и неовластен пристап.

Единствено овластени лица имаат пристап до овие информации.

Преносот на личните податоци е заштитен со соодветни методи, така што нема да бидат читливи при преносот и ќе бидат заштитени соодветно на опасноста и природата на податоците кои се пренесуваат.

Заради спречување на неовластен пристап и злоупотреба на личните податоци, ќе се преземаат сите потребни технички и организациски мерки за нивна заштита.