УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СТРАНИЧКАТА
Добредојдовте на pianoforte.edu.mk.
Со вашиот пристап на страничката/платформата/ е-продавницата, се согласувате со општите одредби објавени подолу.
Ве молиме прочитајте ги внимателно.
pianoforte.edu.mk претставува интернет платформа за испорака на онлајн подучување за свирење на инструмент.
Преносот на податоците се врши на серверот на pianoforte.edu.mk.
Електронска комуникација
Со посета на страничката, регистрација или испраќање на е-порака на pianoforte.edu.mk, воспоставувате електронска комуникација со нас.
Нашиот одговор ќе следи преку е-порака и/или известувањата, прикажани на страничката.
Регистрираните членови на pianoforte.edu.mk се согласуваат да добиваат информативни и промотивни билтени.
Доколку не сакате да добивате наши известувања испратете барање за прекин на регистрацијата.
Корисничко име и лозинка
Со најавување во системот, се согласувате на наш ограничен влез во вашиот сметач , за приватноста на вашето корисничко име и лозинка и сите активности поврзани со нив.
Пристап
Mалолетни лица под 18 годишна возраст немаат право на пристап без согласност или надзор од родител/старател овластен за плаќањето со неговата/нејзината дебитна или кредитна картичка.
Заштита на лични податоци
Основна цел при прибирање на личните информации е да обезбедиме сигурно, лесно и ефикасно користење на страничката.
Согласни сте дека може да ги користиме вашите лични податоци за:
Да ви ги овозможиме услугите и поддршката кои ќе ги побарате;
Решавање на ваши барања или проблеми;
Прилагодување, мерење и подобрување на нашите услуги и содржина на страничката;
Забелешки (коментари), прегледи и друга содржина
Посетителите можат да објавуваат искуства, забелешки, идеи, коментари, информации да поставуваат прашања се додека содржината на истите е во рамки на законите, незаканувачка, ненавредлива или повредувачка кон трети лица.
Коментари со политичка содржина, масовни пораки, реклами и слично, категоризирано како „spam“ се забранети.
pianoforte.edu.mk ќе ги отстрани сите пораки за кои смета дека се во горенаведените категории.
Опис на услугите и општи услови на работење
Сите описи на понудените услуги кои се објавени се гарантира се комплетни, точни или без грешки (тука не спаѓаат печатни грешки).
Условите не се прикажуваат во вашата кошничка пред потврдување на нарачката и извршување на плаќањето.
Учебната година во Пијано Форте започнува на 1 септември и трае индивидуално за секој клиент во зависност од купениот фонд на часови
Пијано Форте нема да работи на признатите државни празници но тоа нема да се одрази на испорачаниот фонд на часови кон клиентот, поточно секој изгубен час поради државен празник ќе биде презакажен во друг термин што ќе биде на располагање.
Однапред најавени отсуства (но не повеќе од 4 часа по семестар) и отсуства поради болест ќе бидат одработени во други термини понудени од страна на Пијано Форте.
Час кој не бил одржан поради ненајавено отсуство од страна на клиентот нема да се одработува и ќе се смета за реализиран.
Час кој не бил одржан поради откажување од страна на Пијано Форте, ќе биде одработен.
Училиштето има право на организирање јавни настапи во текот на учебната година и има право да ги избере учесниците на таквите настани.
Училиштето започнува со испорака на наставата по завршена уплата на членарина.
Пијано Форте не врши рефундација/поврат на веќе уплатените средства. (Уплатените средства можат да се пренасочат на друг краен корисник со претходна најава.)
Школарина
Школарината на сајтот е изразена во денари.
Авторски права
Сите содржини на овој веб портал/платформа, како текст, слики, лого, икони, дигитални преземања и софтвер се сопственост на Пијано Форте и секоја употреба на истите за иста или слична дејност не е дозволена и ќе се смета како кршење на авторските и сопственичките права. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање на авторски содржини (текст, фотографии, лого, слики, икони…) е дозволено само со претходно писмено одобрување од сопственикот на правата.
Ограничување од одговорност
pianoforte.edu.mk ги презема сите расположливи мерки да овозможи највисока сигурност и безбедност на страничката, но не може да гарантира безбедност од напад на хакери, компјутерски вируси и слично со што и вие би биле засегнати.
Се согласувате да ја употребувате нашата страничка/платформа на сопствен ризик.
Законски одредби
Со посетата на pianoforte.edu.mk се согласувате со овие општи одредби, политиките наведени во овие општи одредби и со сите важечки закони во Македонија.
Политики и измени
Ве молиме погледнете ги нашите политики, поставени на страничката. Овие политики исто така нудат одредби кои се однесуваат на посетата на страничката.
pianoforte.edu.mk го задржува правото да ги менува изгледот, содржината, условите и општите одредби на страничката во кое било време.
Адреса: Пијано Форте ДОО Скопје, ул. Виенска 1Б/1-2, Карпош, 1000 Скопје, Македонија
Содржина на коментар
Се препорачува коментарите на pianoforte.edu.mk да бидат во согласност со содржината на сајтот. Препораки и правила за коментарите:
Најдобро е да се внесуваат коментари кои го изразуваат личното мислење, искуство или задоволство на корисникот во однос на одреден производ, напишани на културен и разбирлив начин;
Се забранува навредливо критикување на личното мислење на друг корисник само затоа што не се совпаѓа со Вашето;
Не се дозволени коментари кои содржат навредливи содржини во однос на расна, етничка, партиска или религиозна припадност.
Електронска фактура
По секоја успешно извршена уплата преку страничката/платформата на pianoforte.edu.mk, по електронска пошта ќе добиете електронска сметка.
Доколку уплатувачот е правно лице, фактурата ќе ја добие во писмена форма по испратено барање на info@pianoforte.edu.mk
Горенаведените правила се воведени заради добар однос, грижа и успешна соработка со нашите корисници.