Приватното музичко училиштето „Пијанофорте“ нуди најсовремена музичка наставна програма.
Програмата на „Пијанофорте“ ја предаваат повеќе од 20 еминентни професори, квалификувани професионалци од областа на музиката, дипломирани музичари, магистри и доктори на науки. Едукативната програма во училиштето е со времетраење од 9 музичко-образовни степени. Класичниот пристап во изучувањето на инструментот овозможува високо квалитетна изведба на кој било музички стил и жанр. Нашите професори ќе ве подучат на основите како што се читање музика, соодветна техника, ритам, разбирање на музичките стилови и квалитетна музичка изведба. Најсовремена програма за подучување, во која единствениот стандард е успех-и-само-успех!
Наставната програма се одвива во текот на една учебна година, започнувајќи од 1 септември до 10 јуни (почитувајќи ги национално неработните денови и предвидениот зимски распуст) при што би се совладал еден музичко-образовен степен. Една целокупна музичка едукативна програма е составена од 72 часови

ПРОГРАМИ

I. Цела учебна година

1.пакет – учебна година од 72 часа по 2 часа неделно (60′ групен и 45′ индивидуален час) (Бонус: 36 часа солфеж – 1х45 мин. неделно – преку Интернет)

2.пакет – учебна година од 36 часа по 1 час неделно (60′ групен час)

3.пакет – учебна година од 72 часа по 2 часа неделно (45′ групен и 30′ индивидуален час за деца на возраст од 5-6 години)

II. Полугодишна програма

4.пакет – полугодишна програма 36 часа по 2 часа неделно (60′ групен и 45′ индивидуален час) (Бонус: 18 часа солфеж – 1х45 мин. неделно – преку Интернет)

III. Групна настава

5.пакет – групна годишна настава по пеење 36 часа х45, х60 или х90 мин. во зависност од бројот на учениците (1x неделно) (Бонус: 8 дополнителни проби за концерт х45 мин.)

6.пакет – групна месечна настава во бендови 4 часа x45, х60 или х 90 мин. во зависност од бројот на учениците (1x неделно)

7.пакет – групна годишна настава во бендови 36 часа x45, х60 или х90 мин. во зависност од бројот на учениците (1x неделно) (Бонус: 8 дополнителни проби за концерт х45 мин.)

8.пакет – групна месечна настава по гитара од 4 часа x45, х60 или х.90 мин. во зависност од бројот на учениците (1x неделно)

9.пакет – групна годишна настава по гитара од 36 часа x45, х60 или х90 мин. во зависност од бројот на учениците (1x неделно) (Бонус: 8 дополнителни проби за концерт х45 мин.)

10.пакет – групна месечна настава по ударни инструменти од 4 часа x45, х60 или х90 мин. во зависност од бројот на учениците (1x неделно)

11.пакет – групна годишна настава по ударни инструменти од 36 часа x45, х60 или х90 мин. во зависност од бројот на учениците (1x неделно) (Бонус: 8 дополнителни проби за концерт х45 мин.)

12.пакет – групна месечна настава по пеење од 4 часа x45, х60 или х90 мин. во зависност од бројот на учениците (1x неделно)

IV. Воведен пакет

13.пакет – пакет за почетници 4 часа x 45 мин (2х неделно)

14.пакет – пакет од 8 часа х 45 мин (2-пати неделно)

 

Контактирајте нѐ на +389 78 309 692 или на  info@pianoforte.edu.mk закажете го вашиот прв музички час во приватното музичко училиште „Пијанофорте“.⠀