И талентираните луѓе имаат права

 

Некои луѓе едноставно се раѓаат со предумисла (не грижете се, не мислиме на термин од кривичното право😀). Се мисли на оние луѓе кои што уште во колевката, тазе родени, знаат каде тргнале. И со ликот и со плачот и со движењето ви велат “Јас сум учител”, “Јас сум математичар”, “Јас сум музичар”. Ако ги оставите слободно да го манифестираат својот став, голема е веројатноста дека ќе појдат по тој пат. И неколкумина од нив, не сите, по одредена низа години ќе ги видите како даваат интервју велејќи “Па отсекогаш сум знаел/а дека сакам да бидам…” (што и да е тоа).
Е сега, за овие неколкумина кои “од прва” го направиле изборот и си го изоделе патот до успехот, мисијата е остварена. Но оние другите кои загубиле здив некаде по патот поттикнуваат љуботпиност, ако никаде на друго место барем кај нивните родители и блиски пријатели. Најчестите дилеми се „Ама зошто?“, „Каков талент, а сега вака“ и слично. Ако проанализираме подлабоко можеби и ќе дојдеме до можниот одговор за причината за нивното откажување од сонот. Всушност, постојат студии за луѓе што избрале специфична професија, како што е музиката, но кои пред да го искористат целиот свој потенцијал “попуштиле” и ја напуштиле играта. Кај сите нив заеднички содржател  е ставот „Јас веќе тоа го знам и не знам зошто некој би ме подучувал на тоа“. Овој став произведува повеќе појави но главната е таканареченото поништување на вољата да се продолжи понатаму. Луѓето со овој став самите себеси се попречуваат во насока на напредок бидејќи кај нив интересот за проучување одредена тема речиси и исчезнува оти „нели веќе го знаат тоа“. И кое би било решението тука? Всушност самиот проблем го сугерира решението. Од продолжувањето со конкретната активност, човек го дели само неговата лична одлука да го смени претходниот став со нов  од типот „Па можеби има нешто барем малку да се научи овде“. П

TALENTED PEOPLE HAVE RIGHTS TOO

од претпоставка дека ќе ја надминат оваа препрека, тие ќе можат послободно да истражуваат и играат со својот талент.
Меѓутоа, ова не значи крај на предизвиците. Ќе следат и поинакви „сопки“. На пример, во обновениот полет и ентузијазам без двоумење многумина ќе се обидат да се натоварат со повеќе од материјалот што го изучуваат. Можеби некои од нив и ќе успеат да се изборат со тој потфат, но повеќето ќе се најдат заглавени, поточно ќе имаат чувство дека се вртат во круг и не можат да пробијат до следното ниво. Во ваквите случаи, ако нивните ментори се внимателни би требало без потешкотија да лоцираат дека нивниот ученик/студент/кандидат земал поголем залак без да ги искачи постепено сите скалила во процесот. И повторно, именувањето на проблемот го дава и одговорот за надминување на ситуацијата.
Освен овој предизвик, се разбира дека постојат и други изненадувања на патот, но „кралот“ на сите предизвици е тој за кој најчесто не сме ни свесни дека ни се случил. Истиот тој е веројатно главниот виновник за конечно откажување од активноста за која одреден човек сметал дека му е животна определба. Верувале или не, тоа е феноменот на „неразбран збор или симбол“. И тука не се мисли само на очигледно нејасни термини (на пример ако јас сум правник а читам медицинска е

нциколпедија, се рабира дека ќе ги препознаам термините што не ги разбирам). Во изучувањето музика постојат мног

Talend people

у термини и симболи што треба да се разјаснат во процесот на учење и работа. Но што ако проблемот го прави некој сосема општ збор кој „па и врапчињата го знаат“. Што ако тој кој што загазил во свирењето некој инструмент оти тоа најмногу го сака, уште на почетокот не го дефинирал или пак менторот не му го објаснил значењето на самиот збор „музика“ или зборот „звук“ или зборот „инструмент“? Интересно и на моменти неверојатно, но реакциите што може да ги предизвика еден неразбран збор се и ментални и физиолошки. Тие се движат од чувство на „отсутност“ (на-час-сум-но-со-паметот-сум-на-плажа), зевање, неконтролирано смеење или нервоза, чувство на празнина и глупавост. А финалниот феномен откако ќе се испуштат одреден број на неразјаснети термини и симболи е комплетно напуштање на активноста со с

тавање етикета (невозможна-да-се-научи). Ќе речете „многу објаснување, за така мала работа“. Можеби е така, но што ако поради „така мала работа“ квалитетни луѓе не’ лишуваат од нивниот талент, способност и продукција? Па ако „лекот е пет пари, само треба да го најдеш“ (според народната изрека), овој текст е напишан со надеж дека тие „пет пари“ се веќе платени и лекот е тука.

Е сега, претходните примери се однесуваат на оние родени со идеја дека се, да речеме, музичари. Но што е со сите останати, кои не се свесни каков потенцијал носат во себе? Денешницава што ја живееме ни има сервирано огромна шведска маса на теми и активности поврзани со тие теми. Но дилемата што доаѓа со тоа е што од таа понуда е баш за нас. Модерните тренери за личен развој и светлечките цитати на социјалните мрежи не советуваат да го правиме тоа што не прави среќни. А за воопшто стигнете до моментот на среќа, веројатно ќе треба да пробате повеќе залчиња од понудата, да го почувствувате вкусот и аромата и сами да донесете заклучок што е за вас вистинското нешто и оттаму само ќе ви кажеме „Со среќа!“

Анонимен