Добредојдовте во занималната за Музика и движење на Пијанофорте „Музичко изворче“

Учењето музика, можноста да свирите музички инструменти и заедно да креирате музика е витален дел од едно богатото и заокружено образование.

приватни часови по виолина

 Музичото образование за мали деца негува специфични начини на учење, па за малите деца кои природно сакаат да пејат, да се движат, да истражуваат звуци, па интуитивниот пристап на програмите за Музика и движење е природен избор.

Докажано е дека музиката игра клучна улога во развојот на мозокот. Учењето музика поттикнува многу деца да учат повеќе за светот околу себе додека размислуваат креативно и учат забавни вештини. Исто како што музичкото образование е важно за поттикнување на когнитивните вештини, исто така може да игра значајна улога во создавањето здрави социјални и лични навики.

Децата уште од мали нозе можат да нè посетат и да бидат дел од Музичкото изворче“ на приватното музичко училиште Пијанофорте каде што ќе можат преку активности на клавијатура, истражување на гудачките инструмети, Орфови удиралки, слухови вежби, теорија, пеење, историја и компонирање да искусат неколку елементи на музиката како што се ритам и мелодија и експресивните елементи и што е најважно, ќе искусат ЗАБАВЕН начин на учење. Сигурни сме дека многумина од вас имале можност да го видат своето дете како игра на ритам, танцува, пее во домот и кога истото ќе го искомбинирате со соодветна структурирана едукативна програма во пофокусирана дисциплинирана и социјализирана средина, исходот е секогаш неверојатен со загарантирана забава за вашите најмили.

Љубезно ги потсетуваме сите родители и згрижувачи да ја искористат предноста на музиката при градење на единството со своите деца! Имајте го следново на ум ова кога ги воспитуваат идните генерации: структуираните музи

групни вежби

чки активности помагаат при негување на јазичните, моторичките вештини, емоционалната интелигенција и умешност во заеднички активности.

Држете ги вашите деца активни 

и стимулирани!

Ние во музичкото училиште Пијанофорте сакаме сите деца да ги имаат овие можности, па затоа внимателно создадовме, испланиравме и секвенциониравме начин за реализација на наставната програма за секоја етапа од музичко образование на една индивидуа. Учениците од сите возрасти и нивоа во Пијанофорте се поддржани во нивниот музички напредок, од самиот почеток на нивната музичко патување.

Наша цел е да создадеме среќна навика на учење музика преку програма заснована на активности, исполнета со игри, која нуди нешто за секого.

Многу сме среќни и почестени што сме дел од ова уникатно и извонредно едукативно искуство.

Покрај споменатото „Музичко изворче” и часовите по солфеж и теорија на му

приватни часови по виолина

зиката, музичкото училиште Пијанофорте нуди класична настава по следните музички инструменти:

– приватни часови по пијано

– приватни часови по виолина

– приватни часови по класична гитара

– приватни часови по флејта

Одржуваме часови и на одделот за популарни жанрови, каде што учениците добиваат:

– приватни часови по ударни инструменти

– приватни часови по електрична гитара

– приватни часови по поп пеење

Користиме специфични технологии за учење и ги поттикнуваме не само индивидуални часови туку и групни вежби.