ПРОФУНДИС и ПИЈАНОФОРТЕ –
проактивно, за повеќе музика во животот на младите!

  Проект со кој заедно ќе внесеме уште една нишка при оформувањето на човекот во креативна, отворена и музички едуцирана личност

ЗА ОРКЕСТАРСКАТА РАБОТИЛНИЦА

Од првото ла, до последното дело за бис – ПРОФУНДИС на учениците од ПИЈАНОФОРТЕ ќе им го претстави процесот на подготовка и реализација на еден концерт.

  • „А, може ли и ние да засвириме?“
  • „Да, секако! Повелете на сцена.“

„Профундис“ ќе им помогне на нашите виолинисти во подготовката на нивните композиции!!! Всушност, на овој настан ќе се реализира и првата оркестарска проба после подолг период, по крајот на КОВИД-19 пандемијата!

Проектот вклучува диригенти, музичари и наставници по музика, а во ансамблот ќе бидат вклучени деца и младинци, ученици од музичкото училиште „Пијанофорте“ Скопје. Тие заедно ќе вежбаат во Концертната сала на „Националната опера и балет“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ.

Со цел сите да се чувствуваат добредојдени и да научат нешто ново и интересно, за време на работилницата ќе има разновидни активности, од запознавање со архитектурата на концертната сала, распоредот на инструментите во оркестарот, преку следење на музичка партитура, сè до свирење рамо до рамо со оркестарот.

Ќе се добијат информации за тоа каде и како се обезбедуваат влезници за концерт, како и кога публиката влегува во сала, како секој да си го пронајде своето седиштето… и како тече концертот, сè до аплаузoт! А, зошто само до аплаузот? Може би ќе има и некоја неформална средба со пријателите во фоајето?  На ПИЈАНОФОРТЕВЦИ преку приказна ќе им се претстави што значи тоа да се посети концерт, без оглед на инструментот што го свират. Значи, сите сте добредојдени, за секого ќе има по некој интересен детал!

DRA_5168
a_MG_4468

ЗА ПАРТНЕРОТ ВО ПРОЕКТОТ,
КАМЕРЕН ОРКЕСТАР ПРОФУНДИС

Groove-Profundis-IG-1080x1080px

„Профундис“ е еден од најнапредните и иновативни ансамбли кои во поново време концертираат кај нас и во странство. Од 8 до 21 април 2023 година ансамблот ќе ги спроведе најинтензивните проби за најновиот проект наречен „Грув“.

Камерниот оркестар „Профундис“ е уметнички состав, кој постои веќе четири години и чии цели се промоција на квалитетот и особеноста на изразот со посебен акцент на оригиналноста на сите концертни изведувања. Во него членуваат едни од најистакнатите македонски инструменталисти.

Покрај класичниот репертоар, кој опфаќа музичко творештво од епохата на барокот па сè до денес, камерниот оркестар „Профундис“ се стреми кон развојот и на други начини на презентација (дигитални концерти, 3 де-мапинг, учество и презентација на нови технологии). Квалитетот на оркестарот составен од веќе докажани имиња и неговата флексибилност во сите стилски епохи, под уметничко водство на диригент Ѓурѓица Дашиќ, го дефинираат како уметнички ансамбл на 21 век, способен да одговори на сите барања на музичката продукција.  За многу кратко време од основањето, „Профундис“ успева да реализира исклучително успешни, високоуметнички проекти и соработки со реномирани домашни и странски солисти. Забележителен е настапот во рамките на фестивалите „Охридско лето“, „Есенски музички свечености“, „Златна лира“ и „Денови на македонската музика“, како и соработката со реномираните солисти: Ирина Мурезану, Јован Богосављевиќ, Џузепе Нова, Даниеле Ајело, Паоло Шибиља, Благој Нацовски , Ана Кондратенко ,Владимир Костов, Љубиша Кировски, Марија Ѓошевска, Славица Мицовска, Наде Талевска, Марија Јанчулевска, Стојанче Косовски…

Исклучителен проект, кој претставува гордост на „Профундис“, е реализацијата на целовечерениот концерт во чест на еден од најистакнатите современи композитори, естонскиот композитор Арво Перт.

ПОДДРЖАНО ОД