Во потрага по поведри приказни, патот не однесе во приватното музичко училиште ,,Пијанофорте” во Скопје. Таму наидовме на огромна раздвиженост и звуци од различни мелодии и инструменти.

Не дочекаа наставниците и иако беа зафатени, одделија малку од своето време да ни раскажат што се случува кај нив.

Велат дека сега се подготвуваат за два големи завршни концерти но и за последниот циклус натпревари. Имавме прилика да слушнеме една изведба од мал виолинист и на нашето прашање дали е тоа нивниот најдобар ученик тие ни одговорија дека имаат повеќе такви. Доказ дека е тоа така се купчето дипломи за освоени први и втори места на натпревари само од оваа пролет. Нивните ученици се натпреварувале на повеќе меѓународни натпревари во земјава и во соседна Србија. Меѓу нив има 8 наградени пијанисти, 4 виолинисти а за прв пат се натпреварувале бендовите од одделот за популарни жанрови и освоиле три први места на натпреварот за поп и џез музика одржан во музичкото училиште “Сергеј Михајлов”во Штип.

За крајот на разговорот им посакавме успех и во следните проекти и си заминавме со чувство на надеж дека нашата младина сепак има можност да создаде нешто убаво за својата иднина.