Драги родители/пријатели на Пијанофорте

Нашето училиште по 5ти пат со големо задоволство ги води вашите најмили на уникатно доживување во најпопуларниот детски спортски камп „Скурас“ во Грција.
Затоа ги издвојуваме 5те најважни причини зошто да бидете дел од оваа авантура:

1.Чекор кон осамостојување.
2.Развивање социјални вештини (24/7 дружење, ослободени од електронски уреди и виртуелни реалности).
3.Повеќе од 25 спортови со целодневна агенда (тенис, фудбал, кошарка, екстремни спортови, боречки вештини, “forest” арена, аеробик, зумба и хип хоп, пинг понг, стрелање, јавање коњи итн.).
4.Изучување инструмент по желба и учество во поп бендови (клавијатури, гитара, пеење).
5.И најголемата причина од сите многу СОНЦЕ, МОРЕ И ПЛАЖА.

  • Кампот трае од 16.06.2023-23.06.2023
  • Вклучен превоз/сместување/3 оброка и една ужина на ден
  • 2 екскурзии во “Afitos” и “Sanny beach”
  • Максимално користење на активностите предвидени во кампот
  • И 2 часовна музичка работилница

Цена 360€ (со можност за плаќање на 3 рати)