Погледнете дел од емисијата „Едноставно заводливо“ на која гостуваше нашата г-ѓа Марина Чадо, ко-основач, и извршен директор на музичкото училиштето ,,Пијанофорте’’.

Марина Чадо – основач, виолинист, раководител на Одделот за гудачки инструменти и извршен директор на Училиштето, докажан педагог со преку 30 годишно работно искуство.

(Марина Чадо дипломирала на престижниот конзерваториум „Петар Илич Чајковски“ во Москва, Русија под менторство на светски познатите професори Мељников и Чугаева.
Оттогаш брои низа настапи како солист со филхармониски и со камерни оркестри во Москва, Минхен, Белград, Скопје, Македонија, Словенија, Србија.
На нејзиниот репертоар се бројат дела од Бах, Бетовен и Моцарт, преку Чајковски и Брамс, Де Фаља и Дворжак, па сè до Прокофјев и Шостакович.)