Групната настава по бендови за рок/поп во музичкото училиште „Пијанофорте“ нуди забавно и привлечно опкружување за своите студенти и нуди разновидни музички стилови за сечиј префериран стил на музика. Нашата програма за групна настава по рок/поп се испорачува од исклучителни искусни музички педагози со одлично исведувачко и наставно искуство.  Лекциите се создадени за сите возрасти, нивоа и интереси и нудат можности за сценска изведба и пристап до професионално студио за снимање.

Денеска го прашавме нашиот соученик Стефан Крстевски што мисли за нашето училиште:

  • Како би го опишале еден ден поминат во музичкото училиште „Пијанофорте”?

Пијанофорте не е само место каде ги развивам моите музички вештини и талент, туку место каде се дружам и стекнувам нови пријателства, место каде честопати поминувам поголем дел од мојот ден, се забавувам и уживам во престојот.

  • Според Вас, која е разликата помеѓу ПОП одделот и класичниот оддел?

Класичниот оддел е местото каде го започнав моето музичко образование, таму се здобив со основата неопходна за напредување во светот на музиката, научив дека со дисциплина во вежбањето и смиреност во свирењето може да се настапува пред секаков аудиториум. ПОП одделот за мене е логичен продолжеток на моето музичко образование, тука се здобивам со поинаков вид социјални вештини кои се потребни за свирење со повеќе музичари или во бенд.

  • Како би ги опишале наставниците во ова училиште?

Наставниците во Пијанофорте навистина поседуваат големо срце и имаат голема љубов кон музиката, свирењето и децата. Оваа љубов се препознава во начинот на предавање и односот кон учениците. Тие се топли и секогаш подготвени да им помогнат на учениците при совладување на секој проблем.

  • Дали има некој позитивен придонес што ова училиште го додаде во Вашиот личен живот?

Музичкото училиште ми има многу помогнато во начинот на кој ја градам мојата личност и карактер. Музиката е нешто што на сите ни е потребно во животот, а да можеш да свириш и да се поврзеш со различни типови на луѓе поради неа е нешто што препорачувам секој да го искуси.

  • Дали би го препорачале ова музичко училиште на секој оној кој е заинтересиран за музичко образование?

Дефинитивно. Културата на наставниците и учениците е на високо ниво, а педагошката и музичката способност на наставниците е на уште повисоко ниво. Пијанофорте е одлично место за развивање на сопственото музичко изразување, но и градење однос кон сè останато во животот.