Ран Музички Развој

Приватното музичко училиште „Пијанофорте“ од Скопје нуди најсовремена музичка наставна програма и веќе 24 години успешно го збогатува образованието на многу деца и младинци.

Музиката во детскиот свет – ран музички развој

Музиката и движењето се природни човечки појави. Првиот плач и првото движење на рачињата кај новороденчињата одат во прилог на претходната изјава. Оттаму, Музичкото училиште Пијанофорте во своите настојувања да ја одржи музиката во сечиј живот, ја создаде програмата за предучилишна возраст „Музичко изворче“, базирана на едукативниот концепт за музика-и-движење (Music and Movement).

music_and_movement-5

Прашањата се музика за нашите уши!

MUSIC&MOVEMENT

За малите деца е природно да сакаат да пеат, да се движат, да истражуваат звуци па затоа пристапот на програмата „Музичко изворче“ е прифатен со радост од секое дете. А што може да се очекува како придобивка од учеството во една ваква програма? Подобра ориентација во просторот околу себе, креативно размислување, подобрена моторика, подигната способност да се учи, стекнување навика за тимска игра – да наведеме само неколку. Сето ова ќе го постигнат преку активности со пијаното, гудачките инструмети, Орфовите удиралки, вежбите за развивање на слухот, пеењето, и ритмичките вежби, а најмногу од се преку многу забава.

Држете ги вашите деца активни и стимулирани!

Многу пати е потенцирано колку е важно музиката да биде присутна во процесот на образование и развојот на децата воопшто, па затоа Музичкото училиште „Пијанофорте“ го дава својот придонес преку внимателно развиена програма со прецизна структура и секвенца што ќе го задржи интересот на децата од предшколска возраст за креативно растење. А не е исклучена можноста некои од учесниците во оваа програма да бидат идните генијалци не само во музиката туку и во други области.

music_and_movement-6
music_and_movement-3a

И ако може да се забележи во претходниот дел од текстот, никаде не се споменува прашањето од типот „Дали детето е талентирано?“. Оваа програма нуди еднаква можност за сите а секој ученик добива подеднакво внимание имајќи ја предвид неговата индивидуалност и посебност.

Прашањата се музика за нашите уши!

И талентираните луѓе имаат права

Оваа слика се повторува веќе традиционално и редовно се исчекува на настаните организирани од одделот за популарна музика.

Колку е убаво да се види и прослави производот од посветената работа!

Музиката подобро звучи во друштво!

И талентираните луѓе имаат права

„Пијанофорте“ нуди и испорачува некои основни животни вештини во забавна и привлечна атмосфера.

Ова се некои од животните вештини кои се совладуваат за време на нашата групна настава:

– Музиката бара КОМУНИКАЦИЈА и гради ДОВЕРБА;

– Свирењето во бенд е како да сте дел од спортска екипа кога станува збор за тоа колку е суштинско да се комуницира со соиграчите, а вие станувате елемент од една целина;

– Додека ја совладувате вашата музичка делница, ќе градите самодоверба.

Ние, како музичко училиште „Пијанофорте“, придаваме големо значење на негувањето на овие животни вештини, бидејќи тие се покажале како неопходни во бројни ситуации во текот на животот.

Музиката е КРЕАТИВНА форма на изразување.

Нашите студенти

И талентираните луѓе имаат права
И талентираните луѓе имаат права
И талентираните луѓе имаат права

Раната предност

Зошто да се учи музички инструмент уште од најрана возраст?

Marina Chado

Марина Чадо – основач, професор по виолина, раководител на Одделот за гудачки инструменти и извршен директор на училиштето

Во светот постојат бројни истражувања за улогата на музиката во детскиот развој, кои укажуваат на исклучителното влијание што таа го има врз децата.

Свирењето инструмент директно влијае на развојот на моториката и концентрацијата. Многу често среќаваме дечиња од 8 годишна возраст кои тешко се справуваат со прецизни движења на прстињата. На свирењето инструмент му претходат бројни игри за будење на фината моторика. Потоа тие вежби продолжуваат на инструментот во обид да се совладаат соодветни вештини преку создавање култивирани звуци. Концентрацијата пак е еден од најчестите елементи на кои треба да обрнуваме доста внимание. За никој од нас не е тајна како нашите најмлади го поминуваат слободното време. Искуството покажува дека денешните деца тешко можат да го задржат вниманието на една активност подолго време. Преку свирењето инструмент создаваме исклучителна навика на градење и развивање концентрација за процесот.

Трасираме пат до успех

Во процесот на надминување на тешкотиите, предизвиците и бариерите во животот лежи чувството на среќа и успех кај секој човек. Таа упорност и истрајност да се надмине одредена тешкотија се учи уште од мали нозе, а е многу видлива во изучувањето на вештината да се свири било кој инструмент.

Како долгогодишен педагог по пијано, се соочувам со предизвикот да му покажам на едно дете дека не постои ништо што не може да се совлада со доволно труд и истрајност. Вообичаено, при првата бариера во свирењето, поголем број од децата велат „не можам“. Големината на добриот педагог е да најде начин да му покаже на детето дека МОЖЕ – секој пат и без исклучок со малку повеќе труд и упорност. Најголем подарок за мене е кога ќе видам широка насмевка на лицето кај детето во моментот кога ќе сфати дека може да одлучи, совлада и отсвири нешто што малку пред тоа било тешко и проблематично. На тој начин секое дете кое свири на инструмент го подучуваме и за животот и постепено го трасираме неговиот пат до успехот.

Затоа упатувам порака до родителите – кога ќе слушнете од мало дете „Не сакам веќе да свирам“, а до вчера било ентузијастично за инструментот што го изучува, знајте дека наишло на бариера која треба да се надмине со здружени сили помеѓу вас и наставникот. Не „го купувајте тоа „не сакам веќе“ и не му ,,помагајте” со тоа што ќе му дозволите да се откаже. Помогнете му да надмине, да стане појака личност и да истрае зашто единствено така ќе има можност да стане успешен и задоволен човек.

MG_3872

м-р Виолета Стефановска Шуковиќ – основач, професор по пијано, раководител на пијанистичкиот оддел и академски директор на училиштето

„Пијано Форте“ за нас претставува:
Почитување на детскиот избор за изучување на посакуваниот инструмент од најрана возраст, кога виолината од новогодишен „Дедо Мразовски подарок“ прераснува во најверен другар...

Наумовски

Музичко училиште кое ги отвара вратите за сите дечиња кои ја сакаат музиката, при тоа вадејќи го максималниот потенцијал од секое дете поединечно...училиште каде секое дете е подеднакво вредна единка која постојано расте и се надоградува... Училиште кое ја поттикнува имагинацијата на детето и ја разгорува неговата животна страст ...

Онлајн наставата по виолина е едно изненадувачки успешно искуство. Како родител имав неповторливо доживување и целосен увид во магијата на пренесување на знаењето и успешно усвојување на истото, кое низ моја призма гледано се одвиваше со неверојатна леснотија. Постигнавме фокус на исклучително високо ниво и резултати кои зборуваат сами за себе

Анонимен

Признанија до Музичкото училиште ПИЈАНОФОРТЕ и неговиот тим! Семејно задоволство е кога ја слушаме Аурела како свири со љубов и посветеност. Со гордост го споделуваме напредокот на Аурела и нејзината воодушевеност од наставникот како урнек за љубезена и подобра личност. Ти благодариме, Вики!

Фатмир Бесими

Пред шест години се запознавме со ПИЈАНОФОРТЕ и оттогаш незапирливо течат учењето, музиката и взаемната соработка. Под водство на професорките Виолета Стефановска Шуковиќ, пијано и Марина Чадо, виолина, заедно со младиот посветен тим, училиштето не само што подучува, туку и постигнува музички успеси и на меѓународно поле. Притоа, ПИЈАНОФОРТЕ умее да им пренесе на младите ученици вистински вредности и да даде позитивен придонес кон нивниот развој. Училиштето е ретка, ведра, среќна,успешна и долгорочна  збирка кратки раскази, а дел од овие раскази може и да се чујат на мноштвото нивни концерти.

Анонимен

Со “Пијанофорте” се сретнавме пред 6 години и учењето, музицирањето и взаемната соработка се уште трае. Под раководство на Виолета Стефановска-Шуковиќ, професорка по пијано и Марина Чадо, професорка по виолина, заедно со младитот посветен колектив, ова училиште не само што музички едуцира и постигнува врвни музички меѓународни успеси, знае да ги пренесе вистинските вредности на младите ученици и да придонесе за нивнот правилен развој. Ова училиште е ретка, весела, среќна, успешна долгогодишна збирка на раскази дел од која можете да слушнете и видите на нивните концерти. Ви благодарам. ❤

Keти А.

Со големо задоволство сакаме да го истакнеме креативниот потенцијал на наставничкиот кадар на приватното музичко училиште "Пијанофорте", кој со голем ентузијазам и стручна подготвеност им приоѓа на секој ученик посебно. Восхитува извонредниот педагошки пристап во воспитно-образовниот систем кој стреми да влијае во развојот на личноста не само на музички, туку и на планот на општата култура на младите таленти.

Tања Б.

Тимот на професори во училиштето Пијанофорте е составен од врвни педагози кои се максимално посветени на напредокот на учениците. Се следат современи педагошки програми, преку кои професорите го вадат максимумот од секое дете. Нашата ќерка има 10 години, а веќе има освоено неколку награди на реномирани меѓународни натпревари. И покрај тоа што таа веќе свири посериозни дела за нејзината возраст, за неа часовите во училиштето не претставуваат обврска, туку чисто задоволство. Затоа, даваме топла препорака за музичкото училиште Пијанофорте.

Сања М.

Дали си заинтересиран?

Групна Настава

Групна настава се одвива кога професорот работи истовремено со 2 или повеќе ученици. Наставната програма и методика се предвидува базирано на големината на групата […]