Музичко училиште кое ги отвара вратите за сите дечиња кои ја сакаат музиката, при тоа вадејќи го максималниот потенцијал од секое дете поединечно…училиште каде секое дете е подеднакво вредна единка која постојано расте и се надоградува… Училиште кое ја поттикнува имагинацијата на детето и ја разгорува неговата животна страст.

Училиште кое е многу повеќе од училиште за музика… Им помага на дечињата да го восприемат светот околу нив, и нивната инволвираност во него. И има особено важно влијание во интелектуалниот и социолошкиот аспект на градење на нивната личност.

И на крајот, неколку збора за кадарот. Добрите едукатори објаснуваат и демонстрираат. Одличните – инспирираат! Токму такви има Пијано Форте!

Пијано Форте, ти благодариме што постоиш и што си дел од образовниот процес и градење на нашето дете веќе 8 години! Придобивките се неизмерни!

– Mарија Антовски