Пијано Форте за нас претставува:

Почитување на детскиот избор за изучување на посакуваниот инструмент од најрана возраст, кога виолината од новогодишен “Дедо Мразовски подарок” прераснува во најверен другар;

Експресно препознавање на талентот и негово адекватно вреднување, со интересен пристап за вклучување на детето во едукативниот процес на музичко образование, кој од методолошки аспект е прилагоден на неговата возраст, а истовремено е комплексен, сериозен и амбициозен;

Уникатна методологија на работа која овозможува развивање и поттикнување на детската способност на полето на инструментот, независно од теоретскиот аспект чие инкорпорирање во наставата се вклучува во време и на начин согласно утврдените наставни програми во областа на музичкото образование;

Висок степен на професионалност во пристапот на едукација, почнувајќи од воспоставување на соодветна релација професор-ученик, со максимална и успешна адаптација на професорот кон карактерот, темпераментот и афинитетите на секој ученик поединечно;

Единствена енергија која има огромно позитивно влијание врз ученикот, што е од посебно значење со оглед на индивидуалниот карактер на инструменталната настава, чија успешна реализација во голем дел претставува резултат на заемна синергија меѓу професорот и ученикот;

Непроценлива можност за соочување на младите музичари со предизвикот шти го носи јавниот настап и магичната енергија со силни емоции од јавните часови и концерти реализирани во рамки на едукативниот процес, кои остануваат запишани во архивите на училиштето а истовремено длабоко врежани во сеќавањата на младите уметници, нивните семејства и публиката.

*****

,,Пијано Форте”, благодариме што во изминатите седум години сте дел од нашето пошироко семејство, благодариме за ангажманот, посветеноста, трудот, поддршката и секако постигнатите резултати на нашата мала виолинистка!!!

Наумовски