Приватното музичко училиште „Пијанофорте“ има фантастичен тим од музичари од светска класа, кои се целосно посветени на успехот на нашите ученици. Сите наши просветители се вистински професионалци со животни траектории посветени на нивните инстументи. Докажано ни е дека овој квалитет е фундаментален за целосно музичко и едукативно искуство, како и дека е непроценлив ресурс за нашите студенти, бидејќи придонесува едно цело богатство на можности од прва рака и потенцијал за развој.

Програмата на „Пијанофорте“ ја предаваат над 25 еминентни професори , стручни професионалци во полето на музиката, дипломирани музичари, магистри и доктори на науки. Нашите професори ќе ве научат на основите на музиката, како на пример: читање ноти, соодветни техники и ритам, учење композиција и се’ тоа инкорпорирано во стилот кој сакате да го изучувате.

Освен тоа, како дел од филозофијата на институцијата за посветување на нашите ученици, сите членови на персоналот на „Пијанофорте“ се редовно и комплетно достапни во секое време за прашања, следење на напредокот, совети и се’ останато. Денес, музичкото училиште „Пијанофорте“ од Скопје годишно брои над 250 ученици кои посетуваат часови по класична музика во областа на: пијано, виолина, класична гитара, флејта, харфа и теоретско-музички предмети. Исто така, одржуваме и приватна настава во Одделот за популарни жанрови, каде учениците учат да свират на ударни инструменти, електрична гитара и естрадно пеење. Секоја од програмите што ги нудиме се изведуваат со најсовремени педагошки методи во областа на музиката. Во едукацијата користиме и специфични технологии и ги охрабруваме студентите групно да музицираат.

Ве покануваме подетално да ја погледате нашата програма, како и нашите членови на персоналот на нашата веб страна, и да дознаете повеќе за секој од нив.