Музиката позитивно влијае на сите сфери во развојот на децата и нивните вештини во припреми за училиште, како на пример: инлетектуалните, социо-емотивните, моторните, јазичните и писмените вештини. Таа помага на телото и умот да работат заедно. Со изложување на децата кон музика од најрана возраст им помагаме да ги научат звуците и значењето на зборовите.

Музиката е една од ретките активности кои бараат целосна употреба на мозокот, што води кон многу поволности како подобрени социјални вештини и целосна координација. Важно е децата да се запознаат со музиката што порано, затоа што раното започнување значи градење на запознаеност која води кон животна љубов кон музиката. Научните истражувања имаат откриено дека учењето музика помага во учењето и на други предмети и ги зајакнува вештините кои децата ги користат во сите други области. „Децата збогатени со музичко искуство во пеење, слушање музика и движење навистина има сериозна корист за децата како што тие напредуваат во поформалното учење. Музицирањето го вклучува не само гласот или прстите кои свират, туку дете кое учи за музика треба да користи повеќе видови вештини и тоа најчесто симултано.

Учењето музика помага во целокупното учење.