м-р Иван Трајковски – професор по пијано

м-р Иван Трајковски магистрира музичка интерпретација и композиција на Отсекот за пијано при Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во текот на своето образование бил учесник на натпревари на државно и на меѓународно ниво, каде што остварува високи резултати. Учествува на значајни концерти каде што настапува солистички и во камерни состави на Факултетот за музичка уметност во Скопје и во Македонската филхармонија. Со педагошка работа во „Пијанофорте“ почнува во 2017 година под менторство на м-р Виолета Стефановска-Шуковиќ за потоа самостојно да почне да образова ученици и да подучува на програми за сите возрасни категории. Наставата ја пренесува на македонски и на англиски јазик.