Тапанот е најстариот музички инструмент, и неговиот основен дизајн останува непроменет со илјадници години. Тапаните не можат да се штимаат, и звукот кој го произведуваат се одликува според физичкиот дизајн на самиот инструмент. Сепак, тие се делат на долни и на горни тонски тапани, а музичарите често користат комбинација од неколку тапани со цел да произведат музичка композиција. Најголемиот број тапани се свират со помош на раце, удиралки, четкички за тапани и др.