Пијано (неформално наречено и клавир) е музички инструмент со клавијатура која содржи 88 (52 бели и 36 црни) клавиши чие притискање произведува звуци. Зборот пијано е скратена форма од pianoforte, од италијанскиот збор за инструментот. Одделно, двата збора piano и forte значат тивко и гласно што кореспондира со јачината со која свирачот на инструментот ќе ги притисне клавишите т.е. посилно притискање погласен звук, послабо притискање потивок звук. Инструментот, каков што го знаеме денес, потекнува од 17-от век и е наследник на инструментот чембало.