Електричната гитара е измислена во 1931 година и веднаш станува неопходна за џез–музичарите кои сакаат да го засилат звукот при нивните изведби како големи групи (т. н. биг бенд-изведби). За време на 50-тите и 60-тите години од минатиот век електричната гитара станува најважниот инструмент во популарната музика и еволуира во жичен музички инструмент со кој може да се свират безброј музички стилови и секако послужува за развивањето на рокенролот, како и на многу други видови на музика. Електричната гитара е вид на гитара која со помош на електромагнетни приемници ги преобразува вибрациите од нејзините жици во електронска струја.