Гитарата е музички инструмент со стапала, кој се користи во разновидни музички стилови и е, исто така, познат како соло класичен инструмент. Во популарната култура најчесто се смета како примарен инструмент во блуз, кантри, фламенко и рок-музиката. Гитарата вообичаено има шест жици, но постојат и гитари со седум, осум, десет, единаесет, дванаесет и осумнаесет жици. Иструментите слични на гитарата биле популарни најмалку во последните 5 000 години. Модерниот збор гитара потекнува од староперсискиот sithar. Kај нас e усвоен преку грчкиот κιθάρα.