„Piano-Fun” Програма
Приватното музичко училиште „Пијанофорте“ од Скопје нуди најсовремена музичка наставна програма и веќе 24 години успешно го збогатува образованието на многу деца и младинци.
„Piano-Fun” Програма
Создавање нова димензија на групно образовно учење
Приватното музичко училиште Пијанофорте воведе сосема нова димензија на изучување пијано преку висококвалитетна групна настава (комбинирана настава од групен и индивидуален час). Нашите истакнати педагози г-ѓа Виолета Стефановска Шуковиќ, ко-основач и менаџер/директор на одделот за пијано и г-ѓа Марина Чадо ко-основач, менаџер/директор на одделот за гудачки инструменти уште еднаш ги здружија силите за да ја збогатат основата на музичкото образование.
Нивните достигнувања на полето на музичката педагогија се на завидно ниво. Неуморното истражување, но исто така и свежиот дух кој го поседуваат, ги натера да набљудуваат и тестираат нови методологии кои заедно со предходните искуства ќе се сретнат и ќе ја создадат новата извонредна програма за пијано (комбинирана настава од групен и индивидуален час) наречена „Piano-Fun Program”. Оваа програма се фокусира на групно изучување на основите на инструментот пијано. Искуството и знаењето стекнати во текот на многу децении работејќи како професори во областа на музичката педагогија и како сценски изведувачи, им помогна на Виолета и Марина во придружба на целиот тим да ја спроведат оваа иновативна и прогресивна програма во курикулумот на нашето училиште (комбинирана настава од групен и индивидуален час).
„Да создадеме забавна, модерна, светски докажана, лесно достапна и прифатлива програма за секого, да бидеме креатори на нов културен бран и основа што ќе им даде можност на сите да учат и да свират пијано според највисоките образовни стандарди.
Да се возиме рамо до рамо со најмодерната светска образовна методологија!“-велат тие
13 причини
Зошто групни часови по пијано во Пијанофорте?
Ние сме првите што воведовме групни часови по пијано!
- Најнов светски тренд
- Учењето е забавно
- Најдобра современа методологија
- Пристапно
- Лесно совладливo и лесно прилагодливо
- Докажана испорака на највисок квалитет на образование
- Се свири заедно со други во дуо, трио и квартет
- Интеракција и мотивација (комбинирајте забавно опкружување и внесување на највисок квалитет на образование)
- Подготовка за бенд
- Здобиј се со трајно разбирање на музичката теорија и учи исправно да свириш пијано, уште од првиот ден
- Запознај свои истомисленици со кои ја споделувате страста за свирењето пијано
- Безгранична игра во која сите победуваат, најсовремен начин за будење на интересот за образование кај децата
- Напредувај и нека твојот сон да свириш пијано, стане јаве
Каде што има доверба има и резултат!
Вашата доверба во нас нè исполни со многу радост, ја потхрани нашата амбиција и нè направи уште по мотивирани во спроведувањето на најдобрата педагошка понуда за нашите студенти… Се стремиме да понудиме врвен квалитет во областа на музичкото образование, постојано желни за учење нови модерни и докажани начини за создавање забавна, ангажирана, интерактивна и иновативна образовна средина за деца од сите возрасти.
Ви благодариме што верувате во нас, ние се стремиме да помогнеме во изградбата на идните културни генерации. Нашиот придонес е во овој мал регион полн со исклучително надарени деца и секогаш истрајуваме во натпреварост со светските музички центри.
Впрочем, ние го испорачуваме она што го ветуваме.
Прашањата се музика за нашите уши! Прашај и со задоволство ќе одговориме.
Нашите студенти
Раната предност
Зошто да се учи музички инструмент уште од најрана возраст?
Марина Чадо – основач, професор по виолина, раководител на Одделот за гудачки инструменти и извршен директор на училиштето
Во светот постојат бројни истражувања за улогата на музиката во детскиот развој, кои укажуваат на исклучителното влијание што таа го има врз децата.
Свирењето инструмент директно влијае на развојот на моториката и концентрацијата. Многу често среќаваме дечиња од 8 годишна возраст кои тешко се справуваат со прецизни движења на прстињата. На свирењето инструмент му претходат бројни игри за будење на фината моторика. Потоа тие вежби продолжуваат на инструментот во обид да се совладаат соодветни вештини преку создавање култивирани звуци. Концентрацијата пак е еден од најчестите елементи на кои треба да обрнуваме доста внимание. За никој од нас не е тајна како нашите најмлади го поминуваат слободното време. Искуството покажува дека денешните деца тешко можат да го задржат вниманието на една активност подолго време. Преку свирењето инструмент создаваме исклучителна навика на градење и развивање концентрација за процесот.
Трасираме пат до успех
Во процесот на надминување на тешкотиите, предизвиците и бариерите во животот лежи чувството на среќа и успех кај секој човек. Таа упорност и истрајност да се надмине одредена тешкотија се учи уште од мали нозе, а е многу видлива во изучувањето на вештината да се свири било кој инструмент.
Како долгогодишен педагог по пијано, се соочувам со предизвикот да му покажам на едно дете дека не постои ништо што не може да се совлада со доволно труд и истрајност. Вообичаено, при првата бариера во свирењето, поголем број од децата велат „не можам“. Големината на добриот педагог е да најде начин да му покаже на детето дека МОЖЕ – секој пат и без исклучок со малку повеќе труд и упорност. Најголем подарок за мене е кога ќе видам широка насмевка на лицето кај детето во моментот кога ќе сфати дека може да одлучи, совлада и отсвири нешто што малку пред тоа било тешко и проблематично. На тој начин секое дете кое свири на инструмент го подучуваме и за животот и постепено го трасираме неговиот пат до успехот.
Затоа упатувам порака до родителите – кога ќе слушнете од мало дете „Не сакам веќе да свирам“, а до вчера било ентузијастично за инструментот што го изучува, знајте дека наишло на бариера која треба да се надмине со здружени сили помеѓу вас и наставникот. Не „го купувајте тоа „не сакам веќе“ и не му ,,помагајте” со тоа што ќе му дозволите да се откаже. Помогнете му да надмине, да стане појака личност и да истрае зашто единствено така ќе има можност да стане успешен и задоволен човек.
м-р Виолета Стефановска Шуковиќ – основач, професор по пијано, раководител на пијанистичкиот оддел и академски директор на училиштето
Љубопитни?
Препораки на кои сме горди
Дали си заинтересиран?
Пијано
Пијано (неформално наречено и клавир) е музички инструмент со клавијатура која содржи 88 (52 бели и 36 црни) клавиши чие притискање произведува звуци. Зборот пијано е скратена форма од pianoforte, од италијанскиот збор за инструментот