Теодора Фазекаш Тодоров – професор по пијано

Теодора Фазекаш Тодоров е дипломец на Факултетот за музичка уметност при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Во текот на школувањето станува ученик на специјалната класа на најнадарени ученици во Македонија. Има освоено високи награди на повеќе меѓународни натпревари организирани надвор од нашата земја. Посетувала голем број семинари и пијанистички обуки. Има остварено голем број солистички настапи и настапи со камерни оркестри, а меѓу позначајните настапи се оние на фестивалите „Скопско лето“ и „Охридско лето“.
Станува дел од тимот на „Пијанофорте“ во 2015 година како асистент на проф. Виолета Стефановска-Шуковиќ за потоа да почне самостојно и со високи резултати да работи со сопствена класа на ученици. Наставата ја пренесува на македонски и на англиски јазик.