Гостувањето на ПИЈАНО ФОРТЕ СТРИНГС во Р. Словенија е резултат на повеќегодишна колаборација на две братски музички училишта, ПИЈАНО ФОРТЕ Скопје и Валдорфска Школа Љубљана.

Учесниците се наши млади музички уметници, како и врвни музички педагози кои го сочинуваат камерен ансамбл ПИЈАНО ФОРТЕ СТРИНГС. Ансамблот се базира на филозофијата на врвна музика достапна за секого. На своите настапи секој пат негува високи културни вредности, со разновиден, приемчив репертоар и концертирање во несекојдневен сценски амбиент. Составот се менувал со текот на годините, па варира од камерни музички состави за придружба на млади солисти, камерни триа и дуети, како и солистички настапи на дел од членовите во рамките на заедничките рецитали.

Ансамблот ќе презентираат македонско современо, како и народно музичко творештво пред словенечката публика.

На свечен концерт, покрај македонските композиции изведени од ансамблот, на репертоарот ќе има аранжман на словенечка народна мелодија за класичен состав и класични солистички и камерни дела. Домаќините од Словенија ќе имаат свој дел од програмата, на кој покрај другото ќе прозвучат и Македонски композиции.

Благодарение на онлајн мултимедијалните онлајн технологии, редуцирањето на бројот на гости во публиката ќе го компензираме преку отворениот онлајн линк. Секој кој е заинтересиран да присуствуа на овој концерт, а не е во можност да дојде во салите „Музеј на македонската Борба“ во Скопје, односно „Валдорфсак школа“ во Љубљана, тоа може да го стори преку онлајн линкот до виртуелната концертна сала на ПИЈАНОФОРТЕ Скопје, поставен на веб сајтот на https://pianoforte.edu.mk

Проектот е делумно поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес во културата во меѓународната дејност за 2021 година.