Крајот на учебната година е истовремено и олеснување и предизвик. Нема повеќе тестови, домашни задачи и проекти, но затоа популарните таблети, телефони и слично стапуваат на сцена. Нема да се повторуваме за штетноста од прекумерна работа со овие електронски уреди. Ние ќе понудиме нешто друго. Неспорен е фактот дека активното занимавање со музика е еден од најуспешните начини за сестран развој кај децата. Ние во „Пијанофорте“ поаѓаме од овој стабилен податок и затоа решивме и на децата и на родителите да им помогнеме со организирање на летно училиште. Што сакаме да постигнеме? Сакаме да поттикнеме дисциплина кај идните креатори на нашето општество. Сакаме летното безделничење да го преточиме во креативност која има краен производ. А крајниот производ ќе биде задоволство за сите, зашто тука зборуваме за музика. Сакаме да помогнеме во одржување на висок морал кај децата, бидејќи статистиките покажуваат дека долгите летни одмори (колку и да се освежувачки на почетокот) подучуваат на мрзеливост која е последица од денови минати без цел.
Приватното музичко училиште „Пијанофорте“ сака да учествува во развојот на младите генерации, па затоа ова лето ја даваме таа можност за сите што сакаат да „бидат зафатени“ и да учат да свират инструмент и да се чувствуваат продуктивно да дојдат во летното училиште на „Пијанофорте“.