Виолината е најмалиот инструмент во семејството на гудачки (жичени) инструменти, каде што уште спаѓаат и виолата, виолончелото и контрабасот. Овој инструмент го сочинуваат кутија (резонатор), 4 жици и гудало (лак). Виолината е создадена во Италија на почетокот од 16-от век.