м-р Виолета Стефановска Шуковиќ – основач, професор по пијано, раководител на пијанистичкиот оддел и академски директор на училиштето

Виолета Стефановска-Шуковиќ дипломирала на Отсекот за пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрирала во Австралија, на Тасманискиот музички конзерваториум во класата на познатиот австралиски пијанист, проф. Иан Монро.
Настапувала на сцените во Македонија и Австралија како соло-изведувач на повеќе целовечерни рецитали и како пијано-придружба. Нејзиниот пијанистички репертоар опфаќа широк опус на најзначајните дела за пијано од различни епохи – почнувајќи од барокот преку класицизмот, романтизмот, импресионизмот и музиката од 20-от век.
Учествувала на голем број семинари со врвни педагошко-пијанистички имиња меѓу кои се: Владимир Крпан, Арбо Валдма, Рита Кинка и Јокут Михајловиќ.
Работела како корепетитор на Гудачкиот оддел при МБУЦ „Илија Николовски-Луј“ во Скопје и како професор по пијано. Во 2006 год. престојувала во Куала Лумпур, Малезија, каде што работела како асистент на проф.Снежана Пановска во класите на особено надарени студенти.
Член е на меѓународни комисии за музички натпревари, како и на Здружението на европски пијано-педагози ‒ ЕПТА.
Основач е на музичкото училиште „Пијанофорте“ во 2000 година кое функционира како Школа за пијано до 2010 година, кога ѝ се придружува Марина Чадо со која тимски го продолжуваат работењето на училиштето и ги развиваат другите инструментални оддели. Таа е ментор на млади професорски кадри при што ги подучува на спецификите во методологијата на работа на Пијанистичкиот оддел во „Пијанофорте“. Под нејзино менторство се образовани многу генерации млади музичари, а професорите и учениците во пијанистичкиот оддел имаат постигнато високи резултати на меѓународно ниво.