Ана Ценевска – професор по солфеж

Ана Ценевска е професор по теорија на музика и солфеж, како и хорско пеење. Дипломира во Скопје при Факултетот за музичка уметност. Во рамките на своето образование има добиено специјални награди по предметот солфеж и остварува бројни настапи како дел од различни хорски ансамбли. Активно учествува на семинари и посетува школи усвојувајќи нови методики и методологии за работа со групи од училишна возраст. Во „Пијанофорте“ доаѓа во 2015 година и со голем успех има образовано повеќе од стотина ученици. Наставата ја пренесува на македонски, на англиски и на албански јазик.