Љубомир Наќевски – професор по гитара и координатор на Одделот за популарни жанрови

Љубомир Наќевски дипломира на Нов бугарски универзитет во Софија во Одделот за класична музика на инструментот класична гитара. Зема активно учество на големи фестивали и натпревари за класична гитара во и надвор од земјава, а добитник е и на многубројни високи награди и признанија. Во текот на своето музичко образование посетува специјалистички семинари кај врвни светски гитаристи, како и специјализирани педагошки обуки. Претседател е на здружението на гитаристи „Бастет“ и организатор на фестивалот „Skopje guitar festival“.
Се приклучува кон тимот на „Пијанофорте“ во 2013 година како професор по гитара, а во 2017 година го формира и започнува да го води Одделот за популарни жанрови. Наставата ја пренесува на македонски и на англиски јазик.