Флејта или флаута е дувачки музички инструмент. Во пошироката смисла на зборот, флејтата претставува цела серија на дувачки инструменти кои постоеле и постојат низ целиот свет. Музичарот што свири на флејта се вика флејтист. Звукот на флејтата настанува како резултат од струењето на воздухот низ отворите. Флејтата е експресивен инструмент, со благ и светол, идиличен звук. Флејтите се изработуваат од најразлични материјали: коска, дрво, камен, метал, пластика итн. Потеклото на флејтата може да се бара во праисторијата.