Сара Костадиновска – професор по харфа и поп- и џез-пеење
По завршувањето на основното музичко образование во Скопје на Отсекот за пијано, Сара Костадиновска својот музички фокус го насочува кон инструментот харфа. На „Нов бугарски универзитет“ во Софија, Р Бугарија, дипломира на Отсекот по харфа со поп- и џез-пеење, а специјализира композиција. Зад себе има импозантна музичко-креативна и изведувачка кариера, има издадено студиски албум, а дел е и од креативното решение и изведба на едукативни проекти за популаризација на харфата. Со педагошка дејност во „Пијанофорте“ се занимава од 2017 год. како наставник по поп-пеење и харфа во рамките на Одделот за поп-музика. Наставата ја пренесува на македонски и на англиски јазик, а течно говори и бугарски.