Кој може да се запише во ПИЈАНОФОРТЕ?

Иако ПИЈАНОФОРТЕ е првенствено училиште за деца и младинци, добредојдени се и возрасни клиенти кои што сакаат да се занимаваат со музиката како хоби.

Кога може да се запишам во ПИЈАНОФОРТЕ?

ПИЈАНОФОРТЕ врши упис во текот на целата учебна година.

Што е потребно за да се запишам во ПИЈАНОФОРТЕ?

а) изберете ја програмата што ја сакате (https://pianoforte.edu.mk/)
б) пополнете уписен лист
в) потпишете договор
г) извршете уплата на школарината согласно договорот
в) започнете со настава кај доделениот наставник

Кога ќе почнам со настава, дали мора редовно да доаѓам?

Редовноста е важна поради две причини. Прво, тоа е услов за брз и континуиран напредок во учењето инструмент. Второ, Вашиот наставник го има резервирано Вашиот термин и просторијата само за Вас.

Што ако се случи да морам да отсуствувам поради некаква причина?

Доколку отсуствувате поради болест, тој час ќе биде надоместен во термин што дополнително ќе Ви биде понуден од страна на наставникот. Доколку знаете дека ќе отсуствувате заради друга причина, тоа мора да биде најавено барем два дена пред вашиот термин за час и во тој случај часот ќе биде надоместен во термин што дополнително ќе Ви биде понуден од страна на наставникот. Доколку отсуствувате без никаква најава, пропуштениот час ќе се смета за одржан, што значи нема да биде надоместен.

Што доколку наставникот или училиштето го откаже терминот за час?

Доколку наставникот или училиштето откаже термин за час, тој час ќе биде надоместен.

Дали школарината може да ја плаќам на повеќе рати?

При уписот ќе Ви бидат објаснети начините на плаќање на школарината на рати и согласно тоа ќе ја вршите уплатата.

Дали ПИЈАНОФОРТЕ организира концерти?

ПИЈАНОФОРТЕ организира два големи полугодишни концерти и ги поттикнува сите ученици да настапат. Предуслов за настап е подготвен музички материјал и уплата на котизација за учество на настанот.

Дали учениците од ПИЈАНОФОРТЕ учествуваат на натпревари?

Учениците кои што се истакнуваат со својот талент, трудољубивост и дисциплина и можат да совладаат соодветен наставен материјал, во договор помеѓу наставникот и родителите, се охрабруваат да учествуваат на натпревари.