Приватното музичко училиштето „Пијанофорте“ нуди најсовремена музичка наставна програма.
Програмата на „Пијанофорте“ ја предаваат повеќе од 20 еминентни професори, квалификувани професионалци од областа на музиката, дипломирани музичари, магистри и доктори на науки. Едукативната програма во училиштето е со времетраење од 9 музичко-образовни степени. Класичниот пристап во изучувањето на инструментот овозможува високо квалитетна изведба на кој било музички стил и жанр. Нашите професори ќе ве подучат на основите како што се читање музика, соодветна техника, ритам, разбирање на музичките стилови и квалитетна музичка изведба. Најсовремена програма за подучување, во која единствениот стандард е успех-и-само-успех!
Наставната програма се одвива во текот на една учебна година, започнувајќи од 1 септември до 10 јуни (почитувајќи ги национално неработните денови и предвидениот зимски распуст) при што би се совладал еден музичко-образовен степен. Една целокупна музичка едукативна програма е составена од 72 часови.
ПРОГРАМИ
I. Целогодишна програма
1.пакет – целогодишна програма 72 часа x 45 мин (2х неделно) (Бонус 36 часа-солфеж-1х45 мин. Неделно-преку интернет)
2.пакет – целогодишна програма 36 часа x 45 мин (1x неделно)
3.пакет – целогодишна програма 72 часа х 30мин (2х неделно за деца на возраст од 5-6години)
II. Полугодишна програма
4.пакет – полугодишна програма 36 часа х 45 мин (2х неделно) (Бонус 18 часа-солфеж-1х45 мин. Неделно-преку интернет)
III. Групна настава
5.пакет – групна целогодишна настава по пеење со Сара Мејс, 36 часа x 45 мин, х 60 мим или х 90 мин зависно од бројот на учениците (1x неделно)
6. пакет – групна месечна настава во бендови 4 часа х 90 мин (1х неделно)
7. пакет – групна месечна настава по гитара од 4 часа х 90 мин (1х неделно)
8. пакет – групна месечна настава по ударни инструменти од 4 часа х 90 мин (1х неделно)
9. пакет – групна месечна настава по пеење од 4 часа х 90 мин (1х неделно)
IV. Воведен пакет
10.пакет – пакет за почетници 4 часа x 45 мин (2х неделно)
11.пакет – пакет од 8 часа х 45 мин (2-пати неделно)
Контактирајте нѐ на +389 78 309 692 или на info@pianoforte.edu.mk закажете го вашиот прв музички час во приватното музичко училиште „Пијанофорте“.⠀