Искра Паскалова-Нановска е дипломец на Институтот по социологија при Филозофскиот факултет во Скопје. Со сертификат за обучен консултант за административно/стратешко/ тактичко планирање и раководење со човечки ресурси се стекнува по специјалистичка обука во институтот Менаџмент Сапорт б.в. (Management Support b.v.) во Весп, Холандија. Во Милано, Италија има завршено доквалификации за јакнење на организациски капацитети преку човечки ресурси. Има долгогодишно искуство како личен асистент и тренер на семинари и предавања од областа на: административниот менаџмент, административната комуникација, менаџирањето со луѓе и административните планови и стратегии.
Во „Пијанофорте“ доаѓа во 2013 година и ја презема функцијата на организациско уредување на училиштето. Го контролира спроведувањето на политиките и реализирањето на плановите на училиштето. Во улога на предавач редовно организира и врши обуки за вработените со цел постигнување тимска ефикасност и униформност во методолошките пристапи.