Марина Чадо – основач, виолинист, раководител на Одделот за гудачки инструменти и извршен директор на Училиштето, докажан педагог со преку 30 годишно работно искуство.

(Марина Чадо дипломирала на престижниот конзерваториум „Петар Илич Чајковски“ во Москва, Русија под менторство на светски познатите професори Мељников и Чугаева.
Оттогаш брои низа настапи како солист со филхармониски и со камерни оркестри во Москва, Минхен, Белград, Скопје, Македонија, Словенија, Србија.
На нејзиниот репертоар се бројат дела од Бах, Бетовен и Моцарт, преку Чајковски и Брамс, Де Фаља и Дворжак, па сè до Прокофјев и Шостакович.)

Водач во образовните процеси, музичкото училиште „Пијанофорте“ од Скопје веќе 23 години успешно го збогатува образованието на многу деца и младинци. Низ долгогодишната традиција се издвои нишка на млади музичари со натпреварувачки дух, добитници на бројни (над петстотини) престижни домашни и меѓународни награди.

Приказната на приватното музичко училиште „Пијанофорте“ започнува пред повеќе од две децении според визијата на нејзините основачи, сопственичките г-ѓа Марина Чадо, професорка по виолина и извршен директор и г-ѓа Виолета Стефановска-Шуковиќ, професорка по пијано и академски директор во училиштето.

Формирано во 2000-та година, приватното музичкото училиште „Пијанофорте“ ги следи меѓународните трендови во поглед на просторните, кадровските и програмските параметри на музичкото образование. Оваа образовна институција и понатаму останува доследна на своите практики насочени кон идните генерации и напредокот во образовниот систем. „Нашата животна мисија и цел е да се овозможи највисок квалитет на музичка настава!“

Денес во музичкото училиште „Пијанофорте“ се школуваат над 250 ученици годишно кои посетуваат класично музичко образование по инструментите: пијано, виолина, класична гитара, флејта, харфа, теоретско- музички предмети, како и предметите во Одделот за популарни жанрови каде што се изучуваат: ударни инструменти, електрична гитара и естрадно пеење. Во сите програми што се дел од понудата се применуваат најсовремените музичко-педагошки методи, се користи специфична технологија за учење и се поттикнува групното музицирање. Без оглед на фактот дали ученикот е почетник или искусен музичар кој сака да се усоврши, образовната програма на „Пијанофорте“ може да му помогне да ја постигне својата цел!

  • Зошто музичко образование од најрана возраст кај децата?

Сведоци сме на бројни истражувања од областа на менталното здравје на децата кои настојуваат децата да бидат во контакт со музиката од најрана возраст и со неа активно да се занимаваат. Оваа активност придонесува за креирање силни невронски врски и предизвикува невропластични промени во сите мозочни регии. Бавењето со музика во текот на образованието на децата придонесува за развој на логичното размислување и носење следствени одлуки. Благодетот од оваа активност е всушност многукратна.

  • Што сакаме да постигнеме со изучувањето на инструмент?

Ние сме образовна институција која има за цел преку изучувањето на инструмент, на децата да им создаде навики кои најчесто преку другите предмети не се создаваат. Дисциплина, фокусираност, внатрешна мотивација, истрајност, чувство за естетика, креативност и многу други елементи содржани во животот, можат да се најдат само во оваа една активност, свирење инструмент. Со тоа Пијанофорте придонесува за иднината на нашето општество.

  • Како можеме да откриеме кој инструмент е најдобриот за нашето дете?

Децата вообичаено доѓаат со идеа што би свиреле и тоа до сега се покажало многу успешно. Исто така нашиот тим кој има огромно искуство преку кратки тестирања открива кој инструмент детето најлесно ќе го совлада. Со други зборови, откриваме каде лежи афинитетот на детето и неговите моторички способности.

  • Што се случува со нашето образование и колку системот се грижи за тоа?

Последниве децении приликите се многу променети, системот за жал не го нуди истиот квалитет како порано. Сепак поеднци се борат да создадат услови за современо и квалитетно образование во сите области. Приватното музичко училиште Пијанофорте посветува многу труд во осовременување на програмите и методологиите. Ние не очекуваме системот да ни помага, повеќе би сакале ние да помагаме.

  • Навиките на родителите – некогаш и сега

Родителите се секогаш во право, тие го сакаат најдоброто за своите деца. Во денешницава тие се пред огромно искушение во изборот на активностите на нивните деца. Понекогаш мислам дека забораваат дека попладневните активности на децата би требало да бидат поврзани со спорт, рекреација, креативност, со други зборови нешта кои ќе им ги наполанат „батериите” на децата.

  • Како ние во Пијанофорте придонесуваме за здравиот развој на децата?

Нашиот тим на децата им приоѓа сеопфатно. Нас нè интересира секоја негова реакција, дали во текот на часот искусува задоволство или фрустрација, храброст или страв од неуспех, како ги надминува препреките и стигнува до целта….За секоја ситуација тимот е обучен да се справува во најдобар интерес на здравиот развој на детето.

  • Што ме мотивираше за вакво училиште?

Алтернатива на државните училишта секогаш треба да има. Повторно ќе напоменам дека поединци го движат општеството напред. Барем тоа го докажува историјата. Ние избравме да бидеме двигатели на општеството кои се грижат за иднината на идните генерации. Имаме доволно знаење и храброст тоа да го спроведеме и во секојдневниот живот.

  • Што е нашата цел?

Целта на Пијнофорте е да му помогне на ова општество да создава здрави, чесни и креативни генерации.

  • Што сакаме да смениме?

Сакаме да влијаеме во културниот живот на најмладите. Исто така да обрнеме повеќе внимание на вистинските вредности во едно општество. Едноставно, сакаме да ја вратиме музиката во училиштата на едно повисоко и по професионално ниво.

  • Имаме ли поддршка од институциите?

Имало обиди за соработка со МОН, но за жал не ни успеаја. Секако одлично соработуваме со Музичко балетскиот центар и други музички училишта низ државава.

  • Кој може да работи со деца?

На ова сериозно прашање ќе одговорам кратко. Тоа се музичари кои пред сè сакаат деца, кои имаат висока работна етика, чувство за одговорност, кои постојано се надградуваат лично и професионално. Низ историјата ќе забележиме дека учителите биле нај ценетите членови на општествата. Тоа се луѓе за пример.

  • Што нуди училиштето?

Пијанофорте нуди многу програми. Достапни сме за секој вкус…

  • Што планираме за во иднина?

Ние сме тим кој постојано напредува. Во најскоро време ќе понудиме современ и модернизиран пристап кон изучување инструменти. Тоа е нешто револуциеонерно и извонредно ефикасно…Во моментов подготвуваме услови и обука на кадарот за успешно имплементирање на новата програма. Ќе биде забавно и возбудливо…..