Индивидуална настава
Приватното музичко училиште „Пијанофорте“ од Скопје нуди најсовремена музичка наставна програма и веќе 24 години успешно го збогатува образованието на многу деца и младинци.
Сите сме различни
Секоја личност има посебен начин на учење!
Малите тајни на големите музички виртуози традиционално се пренесувале од колено на колено, од учител на ученик. Секој час е исполнет со огромна креативна енергија, насочена кон исполнување на моменталните капацитети за развој на ученикот!
Која и програма да е примарниот избор на ученикот, корисно е повремено да се искуси индивидуалниот час!
Часови со индивидуализирана програма
На индивидуалниот час, инструменталната техника и музичкиот репертоар се разработуваат според индивидуализирана методологија за ученикот. Интерпретацијата на композициите се развива во контекст на емоционалниот и стилскиот одговор на ученикот.
Додека степенот на техниката која се очекува да се разработи во конкретна година или етапа од развојот се сметаат за стандард во музичката инструментална педагогија, брзината и пристапт со која тие се совладуваат може да варираат во зависност од индивидуалните околности на ученикот. Затоа, кога работиме со ученик еден-на-еден, на ученикот му се задаваат наставна програма и музички репертоар на кои ќе може тој лично да одговори. Тој работи на индивидуализирана програма преку која ќе се здобие со најголема полза и ќе го следи текот на музичкиот развој со својата оптимална брзина.
Прашањата се музика за нашите уши!
Концерти и натпревари
Концертите и натпреварите се одвиваат во завршната етапа од подготовката на репертоарот. Овие настапи се можност за учениците по музика да ја проследат разновидноста на репертоарот и стилот на музицирање и така дополнително учат, слушајќи се едни со други.
За некои композиции, настапите се изведуваат и со инструментална придружба на наставник. Преку увидување на различните можности и степени на достигнување, тие ја разбираат важноста од фокусирано и темелно изучување на зададената задача во подолг временски период.
Музичкиот развој е тесно поврзан со емотивниот и психофизичкиот развој на личноста.
Прашањата се музика за нашите уши!
Нашите студенти
Раната предност
Зошто да се учи музички инструмент уште од најрана возраст?
Марина Чадо – основач, професор по виолина, раководител на Одделот за гудачки инструменти и извршен директор на училиштето
Во светот постојат бројни истражувања за улогата на музиката во детскиот развој, кои укажуваат на исклучителното влијание што таа го има врз децата.
Свирењето инструмент директно влијае на развојот на моториката и концентрацијата. Многу често среќаваме дечиња од 8 годишна возраст кои тешко се справуваат со прецизни движења на прстињата. На свирењето инструмент му претходат бројни игри за будење на фината моторика. Потоа тие вежби продолжуваат на инструментот во обид да се совладаат соодветни вештини преку создавање култивирани звуци. Концентрацијата пак е еден од најчестите елементи на кои треба да обрнуваме доста внимание. За никој од нас не е тајна како нашите најмлади го поминуваат слободното време. Искуството покажува дека денешните деца тешко можат да го задржат вниманието на една активност подолго време. Преку свирењето инструмент создаваме исклучителна навика на градење и развивање концентрација за процесот.
Трасираме пат до успех
Во процесот на надминување на тешкотиите, предизвиците и бариерите во животот лежи чувството на среќа и успех кај секој човек. Таа упорност и истрајност да се надмине одредена тешкотија се учи уште од мали нозе, а е многу видлива во изучувањето на вештината да се свири било кој инструмент.
Како долгогодишен педагог по пијано, се соочувам со предизвикот да му покажам на едно дете дека не постои ништо што не може да се совлада со доволно труд и истрајност. Вообичаено, при првата бариера во свирењето, поголем број од децата велат „не можам“. Големината на добриот педагог е да најде начин да му покаже на детето дека МОЖЕ – секој пат и без исклучок со малку повеќе труд и упорност. Најголем подарок за мене е кога ќе видам широка насмевка на лицето кај детето во моментот кога ќе сфати дека може да одлучи, совлада и отсвири нешто што малку пред тоа било тешко и проблематично. На тој начин секое дете кое свири на инструмент го подучуваме и за животот и постепено го трасираме неговиот пат до успехот.
Затоа упатувам порака до родителите – кога ќе слушнете од мало дете „Не сакам веќе да свирам“, а до вчера било ентузијастично за инструментот што го изучува, знајте дека наишло на бариера која треба да се надмине со здружени сили помеѓу вас и наставникот. Не „го купувајте тоа „не сакам веќе“ и не му ,,помагајте” со тоа што ќе му дозволите да се откаже. Помогнете му да надмине, да стане појака личност и да истрае зашто единствено така ќе има можност да стане успешен и задоволен човек.
м-р Виолета Стефановска Шуковиќ – основач, професор по пијано, раководител на пијанистичкиот оддел и академски директор на училиштето
Препораки на кои сме горди
Дали си заинтересиран?
електрична Гитара
Гитарата е музички инструмент со стапала, кој се користи во разновидни музички стилови и е исто така познат како соло класичен инструмент. Во популарната култура најчесто се смета како примарен инструмент во блуз, кантри, фламенко и рок музиката.