д-р Тереза Крцоска – професор по виолина, оркестар и ран музички развој

д-р Тереза Крцоска го има стекнато музичкото образование во Скопје на Факултетот за музичка уметност, каде што ги има завршено своите додипломски, магистерски и докторски студии. Зад себе има повеќегодишно работно искуство како виолинист како дел од оркестарот на Македонската опера и балет, а во меѓувреме започнува да се занимава со педагошка дејност како наставник по виолина, коавтор на методски прирачник за музичко образование, ментор на едукативен кадар и координатор на музички проекти во повеќе работни организации. Компонира музика за деца од предучилишна и училишна возраст кои се објавуваат во магазинот за деца „Супер-Смешка“. Има завршено курс за рана едукација од водечкиот светски бренд за музика и движење Киндермузик (Kindermusik®) и е актуелен носител на лиценца за одржување настава на деца од 0 до 4 години, според програмата на Зумбини (Zumbini®). Во „Пијанофорте“ станува дел од тимот од 2013 година како наставник по виолина, оркестар и ран музички развој и досега со своите ученици, освен редовната настава има остварено високи награди преку учество на меѓународни натпревари, одржани во земјава и во странство.