Групни часови по пеење

Приватното музичко училиште „Пијанофорте“ од Скопје нуди најсовремена музичка наставна програма и веќе 24 години успешно го збогатува образованието на многу деца и младинци.

Добредојдовте во групната настава по бендови одделот за популарна музика во „Пијанофорте“

Популарната музика навлезе во Пијанофорте во 2017 и за кратко време се качи на топ листата на најбарани оддели во училиштето.

Гитара, виолина, клавијатури, тапани и други удиралки, вокали… сите тие убаво звучат во Пијанофорте веќе подолго време, а кога учениците ќе отсвират и некоја популарна нумера на нашите класични концерти, тоа е вистинската јаготка на шлагот.

Ете, во 2017/’18 дојде денот рокерите да пораснат и да се осамостојат: изградија посебен оддел за популарна музика, на свој посебен спрат од училиштето!

ГРУПНИ ЧАСОВИ ЗА ПЕЕЊЕ

Класичарите свират рок, а рокерите го живеат!

ГРУПНИ ЧАСОВИ ЗА ПЕЕЊЕ

Жанровската определба не е само прашање на вкус! Таа е избор, животен стил, добро друштво. Поп оддел? Рок оддел? Популарни жанри? Поими и дефиниции безброј.

Поп музиката е „професионална музика која истовремено се потпира на народната и на уметничката музика“. – Пит Сигер

За нас во Пијанофорте, поп-рок музиката е посебна гранка на уметноста, посебен имиџ, посебен стил на работа.

Рокерите се држат заедно! Тие вежбаат заедно, се дружат, ги слушаат на радио и „во град“ песните што ги свират. Сами прават аранжмани и истражуваат како да ја отсвират својата делница и да придонесат кон уште подобар звук на бендот!

Прашањата се музика за нашите уши!

Нивните концерти се викаат журки,

нивните настапи се жива свирка.

Декември 2023. Кафулињата работат на принцип на резервација. Предновогодишни забави на компании, училишта, весели дружби. Каде е највеселата забава?

Бендовите од одделот за популарна музика прават „афтер ворк парти“ за своите родители и наставници, но најмногу за своето друштво!

Старите класици отсвирени (и отпеани) од нашите рокери звучат подеднакво свежо и за возрасните и за новите тинејџери.

Родители со телефони на опција снимање, горди на своето чедо на бина, а и истовремено романтични пронаоѓајќи се во истата опуштено-весела атмосфера на својата младост, во времето на првото рандеву.

Надвор: млади друштва што уживаат во музиката на своите другари и се гордеат што „се знаат“ со главните ѕвезди, горе на бината. Професори и колеги од сите оддели споделуваат забава после работа, горди на колегите „рокери“ и на учениците.

group-lessons-4

Оваа слика се повторува веќе традиционално и редовно се исчекува на настаните организирани од одделот за популарна музика.

Колку е убаво да се види и прослави производот од посветената работа!

Музиката подобро звучи во друштво!

ГРУПНИ ЧАСОВИ ЗА ПЕЕЊЕ

„Пијанофорте“ нуди и испорачува некои основни животни вештини во забавна и привлечна атмосфера.

Можеби најдобро пееме за своја душа, но кога ќе ја отвориме душата кон најблиските, и таа пее со нас.

Групната настава по бендови е во рамките на одделот за Популарна Mузика. Жанровски е отворена и кон други стилови на музика, но некако самиот состав на инструменти во рок бендот диктира што да се свири.

Нашето музичко училиште се наоѓа во Скопје и нуди различни музички стилови за сечиј префериран стил на музика. Часовите и пробите ги водат стручни и искусни музички педагози со одлично изведувачко и наставно портфолио.

Конципирани се програми и часови се сите возрасти, нивоа на вештини и интереси, давајќи им можност на учениците, соодветно на нашето убедување, да се здобијат со бројни суштински и елементарни ЖИВОТНИ ВЕШТИНИ кои ќе им помогнат во понатамошниот животен пат.

Ова се некои од животните вештини кои се совладуваат за време на нашата групна настава:

– Музиката бара КОМУНИКАЦИЈА и гради ДОВЕРБА;

– Свирењето во бенд е како да сте дел од спортска екипа кога станува збор за тоа колку е суштинско да се комуницира со соиграчите, а вие станувате елемент од една целина;

– Додека ја совладувате вашата музичка делница, ќе градите самодоверба.

Ние, како музичко училиште „Пијанофорте“, придаваме големо значење на негувањето на овие животни вештини, бидејќи тие се покажале како неопходни во бројни ситуации во текот на животот.

Музиката е КРЕАТИВНА форма на изразување.

Нашите ученици во музичкото училиште „Пијанофорте“ постојано се поттикнати на размислување, создавање и истражување, одржувајќи една безбедна и поддржувачка атмосфера.

Свирењето во бенд е најдобриот начин што го знаеме за да ги натераме децата да се носат со фактот дека свирењето инструмент и пеењето не е секогаш лесно.

Бендот му помага на секој поединец-музичар да ги дефинира точните вештини што му се потребни за да биде подобар и му дава јасна цел и мотивација да вложува повеќе труд за тоа што треба да го вежба дома.

ГРУПНИ ЧАСОВИ ЗА ПЕЕЊЕ

Целта е во вежбањето

ГРУПНИ ЧАСОВИ ЗА ПЕЕЊЕ

Ние во „Пијанофорте“ направивме нов лудо ЗАБАВЕН начин на свирење музика. Што може да биде позабавно од свирење, играње и смеа со вашите врсници и пријатели?

Овој тип на настава има чуден позитивен придонес кога знаете дека сте елементарен член на еден тим, тоа ви дава цел, значење и МОТИВАЦИЈА на вашето музичко образовно патување, бидејќи не сакате да ги разочарате вашите врсници.

Ние во музичкото училиште „Пијанофорте“ велиме дека бендовската проба „дава цел на вежбањето.“ Според нашето искуство, учениците бргу напредуваат, доаѓаат подготвени за овој тип на час и се многу мотивирани за секој иден музички предизвик.

Пробите и индивидуалното вежбање се цел сами за себе, а настапот е само дел од процесот.

Нашите студенти

ГРУПНИ ЧАСОВИ ЗА ПЕЕЊЕ
ГРУПНИ ЧАСОВИ ЗА ПЕЕЊЕ
ГРУПНИ ЧАСОВИ ЗА ПЕЕЊЕ

Раната предност

Зошто да се учи музички инструмент уште од најрана возраст?

Marina Chado

Марина Чадо – основач, професор по виолина, раководител на Одделот за гудачки инструменти и извршен директор на училиштето

Во светот постојат бројни истражувања за улогата на музиката во детскиот развој, кои укажуваат на исклучителното влијание што таа го има врз децата.

Свирењето инструмент директно влијае на развојот на моториката и концентрацијата. Многу често среќаваме дечиња од 8 годишна возраст кои тешко се справуваат со прецизни движења на прстињата. На свирењето инструмент му претходат бројни игри за будење на фината моторика. Потоа тие вежби продолжуваат на инструментот во обид да се совладаат соодветни вештини преку создавање култивирани звуци. Концентрацијата пак е еден од најчестите елементи на кои треба да обрнуваме доста внимание. За никој од нас не е тајна како нашите најмлади го поминуваат слободното време. Искуството покажува дека денешните деца тешко можат да го задржат вниманието на една активност подолго време. Преку свирењето инструмент создаваме исклучителна навика на градење и развивање концентрација за процесот.

Трасираме пат до успех

Во процесот на надминување на тешкотиите, предизвиците и бариерите во животот лежи чувството на среќа и успех кај секој човек. Таа упорност и истрајност да се надмине одредена тешкотија се учи уште од мали нозе, а е многу видлива во изучувањето на вештината да се свири било кој инструмент.

Како долгогодишен педагог по пијано, се соочувам со предизвикот да му покажам на едно дете дека не постои ништо што не може да се совлада со доволно труд и истрајност. Вообичаено, при првата бариера во свирењето, поголем број од децата велат „не можам“. Големината на добриот педагог е да најде начин да му покаже на детето дека МОЖЕ – секој пат и без исклучок со малку повеќе труд и упорност. Најголем подарок за мене е кога ќе видам широка насмевка на лицето кај детето во моментот кога ќе сфати дека може да одлучи, совлада и отсвири нешто што малку пред тоа било тешко и проблематично. На тој начин секое дете кое свири на инструмент го подучуваме и за животот и постепено го трасираме неговиот пат до успехот.

Затоа упатувам порака до родителите – кога ќе слушнете од мало дете „Не сакам веќе да свирам“, а до вчера било ентузијастично за инструментот што го изучува, знајте дека наишло на бариера која треба да се надмине со здружени сили помеѓу вас и наставникот. Не „го купувајте тоа „не сакам веќе“ и не му ,,помагајте” со тоа што ќе му дозволите да се откаже. Помогнете му да надмине, да стане појака личност и да истрае зашто единствено така ќе има можност да стане успешен и задоволен човек.

MG_3872

м-р Виолета Стефановска Шуковиќ – основач, професор по пијано, раководител на пијанистичкиот оддел и академски директор на училиштето

„Пијано Форте“ за нас претставува:
Почитување на детскиот избор за изучување на посакуваниот инструмент од најрана возраст, кога виолината од новогодишен „Дедо Мразовски подарок“ прераснува во најверен другар...

Наумовски

Музичко училиште кое ги отвара вратите за сите дечиња кои ја сакаат музиката, при тоа вадејќи го максималниот потенцијал од секое дете поединечно...училиште каде секое дете е подеднакво вредна единка која постојано расте и се надоградува... Училиште кое ја поттикнува имагинацијата на детето и ја разгорува неговата животна страст ...

Онлајн наставата по виолина е едно изненадувачки успешно искуство. Како родител имав неповторливо доживување и целосен увид во магијата на пренесување на знаењето и успешно усвојување на истото, кое низ моја призма гледано се одвиваше со неверојатна леснотија. Постигнавме фокус на исклучително високо ниво и резултати кои зборуваат сами за себе

Анонимен

Признанија до Музичкото училиште ПИЈАНОФОРТЕ и неговиот тим! Семејно задоволство е кога ја слушаме Аурела како свири со љубов и посветеност. Со гордост го споделуваме напредокот на Аурела и нејзината воодушевеност од наставникот како урнек за љубезена и подобра личност. Ти благодариме, Вики!

Фатмир Бесими

Пред шест години се запознавме со ПИЈАНОФОРТЕ и оттогаш незапирливо течат учењето, музиката и взаемната соработка. Под водство на професорките Виолета Стефановска Шуковиќ, пијано и Марина Чадо, виолина, заедно со младиот посветен тим, училиштето не само што подучува, туку и постигнува музички успеси и на меѓународно поле. Притоа, ПИЈАНОФОРТЕ умее да им пренесе на младите ученици вистински вредности и да даде позитивен придонес кон нивниот развој. Училиштето е ретка, ведра, среќна,успешна и долгорочна  збирка кратки раскази, а дел од овие раскази може и да се чујат на мноштвото нивни концерти.

Анонимен

Со “Пијанофорте” се сретнавме пред 6 години и учењето, музицирањето и взаемната соработка се уште трае. Под раководство на Виолета Стефановска-Шуковиќ, професорка по пијано и Марина Чадо, професорка по виолина, заедно со младитот посветен колектив, ова училиште не само што музички едуцира и постигнува врвни музички меѓународни успеси, знае да ги пренесе вистинските вредности на младите ученици и да придонесе за нивнот правилен развој. Ова училиште е ретка, весела, среќна, успешна долгогодишна збирка на раскази дел од која можете да слушнете и видите на нивните концерти. Ви благодарам. ❤

Keти А.

Со големо задоволство сакаме да го истакнеме креативниот потенцијал на наставничкиот кадар на приватното музичко училиште "Пијанофорте", кој со голем ентузијазам и стручна подготвеност им приоѓа на секој ученик посебно. Восхитува извонредниот педагошки пристап во воспитно-образовниот систем кој стреми да влијае во развојот на личноста не само на музички, туку и на планот на општата култура на младите таленти.

Tања Б.

Тимот на професори во училиштето Пијанофорте е составен од врвни педагози кои се максимално посветени на напредокот на учениците. Се следат современи педагошки програми, преку кои професорите го вадат максимумот од секое дете. Нашата ќерка има 10 години, а веќе има освоено неколку награди на реномирани меѓународни натпревари. И покрај тоа што таа веќе свири посериозни дела за нејзината возраст, за неа часовите во училиштето не претставуваат обврска, туку чисто задоволство. Затоа, даваме топла препорака за музичкото училиште Пијанофорте.

Сања М.

Дали си заинтересиран?

Пеење

Пеењето е акт за производство на музички звуци со гласот, го проширува обичниот говор со употреба на тоналитет и ритам. Човек кој пее се вика пејач или вокалист