„И јас на час“ од „Violin-Fun” програма

Создавање нова димензија на групно образовно учење

„И јас на час“ од „Violin-Fun” програма

Создавање нова димензија на групно образовно учење

Приватното музичко училиште Пијанофорте воведе сосема нова димензија на изучување виолина преку висококвалитетна групна настава (комбинирана настава од групен и индивидуален час). Нашите истакнати педагози г-ѓа Виолета Стефановска Шуковиќ, ко-основач и менаџер/директор на одделот за пијано и г-ѓа Марина Чадо ко-основач, менаџер/директор на одделот за гудачки инструменти уште еднаш ги здружија силите за да ја збогатат основата на музичкото образование.

Нивните достигнувања на полето на музичката педагогија се на завидно ниво. Неуморното истражување, но исто така и свежиот дух кој го поседуваат, ги натера да набљудуваат и тестираат нови методологии кои заедно со предходните искуства ќе се сретнат и ќе ја создадат новата извонредна програма за виолина (комбинирана настава од групен и индивидуален час) наречена „И јас на час“. Оваа програма е дел од „Violin-Fun Program” и се фокусира на групно изучување на основите на инструментот виолина. Искуството и знаењето стекнати во текот на многу децении работејќи како професори во областа на музичката педагогија и како сценски изведувачи, им помогна на Виолета и Марина во придружба на целиот тим да ја спроведат оваа иновативна и прогресивна програма во курикулумот на нашето училиште (комбинирана настава од групен и индивидуален час).

Violin Fun

„Да создадеме забавна, модерна, светски докажана, лесно достапна и прифатлива програма за секого, да бидеме креатори на нов културен бран што ќе им даде можност на сите да учат и да свират виолина според највисоките образовни стандарди.

Да се движиме рамо до рамо со најмодерната светска образовна методологија!“ – велат тие.

13 предности

на групните часови по виолина во Пијанофорте:

violin-fun

Ние сме првите што воведовме групни часови по виолина!

muzicko uciliste skopje

  • Најнов светски тренд
  • Учењето е забавно
  • Најдобра современа методологија
  • Пристапно
  • Лесно совладливo и лесно прилагодливо
  • Докажана испорака на највисок квалитет на образование
  • Се свири заедно со други во дуо, трио и квартет
  • Интеракција и мотивација (комбинирајте забавно опкружување и внесување на највисок квалитет на образование)
  • Здобиј се со трајно разбирање на музичката теорија и учи исправно да свириш виолина, уште од првиот ден
  • Подготовка за бенд
  • Здобиј се со трајно разбирање на музичката теорија и учи исправно да свириш виолина, уште од првиот ден
  • Запознај свои истомисленици со кои ја споделувате страста за свирењето виолина
  • Безгранична игра во која сите победуваат, најсовремен начин за будење на интересот за образование кај децата
  • Напредувај и нека твојот сон да свириш виолина, стане јаве

Прашањата се музика за нашите уши! Прашај и со задоволство ќе одговориме.

Каде што има доверба има и резултат!

Вашата доверба во нас нè исполни со многу радост, ја потхрани нашата амбиција и нè направи уште по мотивирани во спроведувањето на најдобрата педагошка понуда за нашите студенти… Се стремиме да понудиме врвен квалитет во областа на музичкото образование, постојано желни за учење нови модерни и докажани начини за создавање забавна, ангажирана, интерактивна и иновативна образовна средина за деца од сите возрасти.

Ви благодариме што верувате во нас, ние се стремиме да помогнеме во изградбата на идните културни генерации. Нашиот придонес е во овој мал регион полн со исклучително надарени деца и секогаш истрајуваме во натпреварост со светските музички центри.

Впрочем, ние го испорачуваме она што го ветуваме.

Violin Fun

Нашите студенти

Violin Fun
Violin Fun
Violin Fun

Раната предност

Зошто да се учи музички инструмент уште од најрана возраст?

Marina Chado

Марина Чадо – основач, професор по виолина, раководител на Одделот за гудачки инструменти и извршен директор на училиштето

Во светот постојат бројни истражувања за улогата на музиката во детскиот развој, кои укажуваат на исклучителното влијание што таа го има врз децата.

Свирењето инструмент директно влијае на развојот на моториката и концентрацијата. Многу често среќаваме дечиња од 8 годишна возраст кои тешко се справуваат со прецизни движења на прстињата. На свирењето инструмент му претходат бројни игри за будење на фината моторика. Потоа тие вежби продолжуваат на инструментот во обид да се совладаат соодветни вештини преку создавање култивирани звуци. Концентрацијата пак е еден од најчестите елементи на кои треба да обрнуваме доста внимание. За никој од нас не е тајна како нашите најмлади го поминуваат слободното време. Искуството покажува дека денешните деца тешко можат да го задржат вниманието на една активност подолго време. Преку свирењето инструмент создаваме исклучителна навика на градење и развивање концентрација за процесот.

Трасираме пат до успех

Во процесот на надминување на тешкотиите, предизвиците и бариерите во животот лежи чувството на среќа и успех кај секој човек. Таа упорност и истрајност да се надмине одредена тешкотија се учи уште од мали нозе, а е многу видлива во изучувањето на вештината да се свири било кој инструмент.

Како долгогодишен педагог по пијано, се соочувам со предизвикот да му покажам на едно дете дека не постои ништо што не може да се совлада со доволно труд и истрајност. Вообичаено, при првата бариера во свирењето, поголем број од децата велат „не можам“. Големината на добриот педагог е да најде начин да му покаже на детето дека МОЖЕ – секој пат и без исклучок со малку повеќе труд и упорност. Најголем подарок за мене е кога ќе видам широка насмевка на лицето кај детето во моментот кога ќе сфати дека може да одлучи, совлада и отсвири нешто што малку пред тоа било тешко и проблематично. На тој начин секое дете кое свири на инструмент го подучуваме и за животот и постепено го трасираме неговиот пат до успехот.

Затоа упатувам порака до родителите – кога ќе слушнете од мало дете „Не сакам веќе да свирам“, а до вчера било ентузијастично за инструментот што го изучува, знајте дека наишло на бариера која треба да се надмине со здружени сили помеѓу вас и наставникот. Не „го купувајте тоа „не сакам веќе“ и не му ,,помагајте” со тоа што ќе му дозволите да се откаже. Помогнете му да надмине, да стане појака личност и да истрае зашто единствено така ќе има можност да стане успешен и задоволен човек.

MG_3872

м-р Виолета Стефановска Шуковиќ – основач, професор по пијано, раководител на пијанистичкиот оддел и академски директор на училиштето

„Пијано Форте“ за нас претставува:
Почитување на детскиот избор за изучување на посакуваниот инструмент од најрана возраст, кога виолината од новогодишен „Дедо Мразовски подарок“ прераснува во најверен другар...

Наумовски

Музичко училиште кое ги отвара вратите за сите дечиња кои ја сакаат музиката, при тоа вадејќи го максималниот потенцијал од секое дете поединечно...училиште каде секое дете е подеднакво вредна единка која постојано расте и се надоградува... Училиште кое ја поттикнува имагинацијата на детето и ја разгорува неговата животна страст ...

Онлајн наставата по виолина е едно изненадувачки успешно искуство. Како родител имав неповторливо доживување и целосен увид во магијата на пренесување на знаењето и успешно усвојување на истото, кое низ моја призма гледано се одвиваше со неверојатна леснотија. Постигнавме фокус на исклучително високо ниво и резултати кои зборуваат сами за себе

Анонимен

Признанија до Музичкото училиште ПИЈАНОФОРТЕ и неговиот тим! Семејно задоволство е кога ја слушаме Аурела како свири со љубов и посветеност. Со гордост го споделуваме напредокот на Аурела и нејзината воодушевеност од наставникот како урнек за љубезена и подобра личност. Ти благодариме, Вики!

Фатмир Бесими

Пред шест години се запознавме со ПИЈАНОФОРТЕ и оттогаш незапирливо течат учењето, музиката и взаемната соработка. Под водство на професорките Виолета Стефановска Шуковиќ, пијано и Марина Чадо, виолина, заедно со младиот посветен тим, училиштето не само што подучува, туку и постигнува музички успеси и на меѓународно поле. Притоа, ПИЈАНОФОРТЕ умее да им пренесе на младите ученици вистински вредности и да даде позитивен придонес кон нивниот развој. Училиштето е ретка, ведра, среќна,успешна и долгорочна  збирка кратки раскази, а дел од овие раскази може и да се чујат на мноштвото нивни концерти.

Анонимен

Со “Пијанофорте” се сретнавме пред 6 години и учењето, музицирањето и взаемната соработка се уште трае. Под раководство на Виолета Стефановска-Шуковиќ, професорка по пијано и Марина Чадо, професорка по виолина, заедно со младитот посветен колектив, ова училиште не само што музички едуцира и постигнува врвни музички меѓународни успеси, знае да ги пренесе вистинските вредности на младите ученици и да придонесе за нивнот правилен развој. Ова училиште е ретка, весела, среќна, успешна долгогодишна збирка на раскази дел од која можете да слушнете и видите на нивните концерти. Ви благодарам. ❤

Keти А.

Со големо задоволство сакаме да го истакнеме креативниот потенцијал на наставничкиот кадар на приватното музичко училиште "Пијанофорте", кој со голем ентузијазам и стручна подготвеност им приоѓа на секој ученик посебно. Восхитува извонредниот педагошки пристап во воспитно-образовниот систем кој стреми да влијае во развојот на личноста не само на музички, туку и на планот на општата култура на младите таленти.

Tања Б.

Тимот на професори во училиштето Пијанофорте е составен од врвни педагози кои се максимално посветени на напредокот на учениците. Се следат современи педагошки програми, преку кои професорите го вадат максимумот од секое дете. Нашата ќерка има 10 години, а веќе има освоено неколку награди на реномирани меѓународни натпревари. И покрај тоа што таа веќе свири посериозни дела за нејзината возраст, за неа часовите во училиштето не претставуваат обврска, туку чисто задоволство. Затоа, даваме топла препорака за музичкото училиште Пијанофорте.

Сања М.

Дали си заинтересиран?

Виолина

The violin is the smallest of the string instruments, which also include the viola, the cello and contrabass.